(ВИДЕО) Костовски: Дамовски нека ги брани правата на Македонците во Грција, а не да го уништува соживотот со Албанците

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, на гостувањето на ТВ21 зборуваше за Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и протестите против Заев.

– Говорникот што денеска е на сите протести за зачувување на Македонија е Македонец, којшто потекнува од егејскиот дел на Македонија. Зошто не оди да ги брани правата на Македонците во Грција?
Овде каде што јас сум роден, на овие терени со моите Албанци заедно, овде ме доведоа на работ да јас немам соживот – истакна Костовски.