(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА ИЗМАМА ВО МЕСАРНИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ – За малку пари излезе со еден куп месо

Несекојдневна измама во Обреновец ја дигна цела Србија на нозе, а по тој повод се јави и касиерката Марија Д. од Ниш. Таа тврди дека секој ден во месарата каде таа работи, и недостига месо, а камерите не покажувале дека некој краде. Прво се посомневале во месарот, но набрзо откриле дека тој не е лоповот. Тоа што во продолжние следувало ги шокираше сите работници во дотичната продавница.

Марија, која не сакала да го објавиме нејзиното презиме, ја почна оваа неверојатна приказна.

„Приметивме дека ни недостастува месо. Така ни рекоа менаџерите“, секој ден фалеа по неколку килограми меса.

„По проверката на месарот, за кој се испостави дека не е крадец, менаџерите одлучија да ги следиме потрошувачите. Гледавме кој купува најмногу месо. Ни реоа, на нас касиерките да обрнеме внимание. Неколку дена по предупредувањето го фативме крадецот! Типот купи еден килограм бут, а кога ја земав кесата да го откуца бар-кодот, беше навистина тешка, и во неа имаше сигурно неколку килограми“, додава таа.

Ја отворив кесата и сватив дека внатре, во хартијата имаше и друго месо! Клиентот велеше дека месарот ја зезнал работата. Тогаш плати и така мина. Но тогаш сите во продавницата се запрашаа како е можно да ова се случи пред нивните очи. Го премотаа филмот наназад, и ги погледнале камерите, и ништо не им било јасно. А потоа почнаа да го следат.

Printskrin: Youtube/ABC News

Иако на почетокот беа збунети, работниците набрзо разоткрија дека им исчезнува месо во огромни колични. Ова е целата разоткриена измама:
„Секој ден доаѓал тој еден ист човек, менаџерот на еден близок кафе-ресторан. Тој доаѓал и од месарот барал да речеме 20 ќебапи. Месарот му ги спакува во хартија, па во кеса и на кесата го залепува стикерот со цена и тој бар код. Тогаш бара килограм бут, месарот истото го прави, го спакува во хартија, па во кеса, па и на тоа налепува стикер со цена.

 

Printskrin: Youtube/ABC News

„И така тој човек зема неколку различни видови месо.

„Тогаш застанува на страна каде не го гледаат камерите, ја зема кесата каде се ќебапите и ја уфрла во кесата каде што е бутот. И ги завршува, како што месарот ги заврзал.

 

Printskrin: Youtube/LeatherBookVideo

„И на таа кеса останува само еден стикер со цена, само цената од бутот, а внатре се и ќебапите! Кога ќе дојде на каса, јас само го откуцувам тоа што го гледам- еден бар-код.

„Така можел да прави колку сака. Посебно кога е гужва, па кога има многу луѓе на саката, и кој воопшто гледа тогаш што се има во ќесата. Дневно крадел по две три кила месо“, вели Марија со гнев во очите, и понатаму е во неверување од се што доживеа на работното место.

Како што таа вели, да ставел кило бут, и две кила ќебапи, на пример, никогаш не би приметила толкава разлика, затоа што разликата меѓу два и три килограми е мала. Но, тој ставил килограм ќебапи во три кила бут, а кога ќе ја подигнеш ќесата на неа пишува килограм, а баш е тешка. Голема е разликата од она што пишува и она што го чувствуваш на раката“, раскажува Марија.

Погледнете го видеото на крадците кои не беа баш „успешни“ во својата намера, ова се најглупите обиди за кражба некогаш.

Видеото проследете го на следниот линк: