(ВИДЕО) Николовски: Димовски склучувал договори за луѓе блиски до власта да се богатат

На целата македонска јавност покажавте како најгрубо се кршат Уставот и Деловникот. Цело време зборувате, а ништо не кажавте за избор на Комисијата за избори и менување, рече Љупчо Николовски од СДСМ.

Според него сето ова се прави за спас на кожата во злосторничкото здружение ВМРО-ДПМНЕ и кажа дека доколку уште се блокира Собранието, наредниот месец нема да можат да се исплатат плати и пензии.

– Љупчо Димовски наместо за земјоделци, склучуваше договори парите да одат до луѓе блиски до власта, рече Николовски.

Додека ја привршуваше реченицата, претседавачот Трајко Вељаноски му го исклучи микрофонот на Николовски и кажа дека Љупчо Димовски во своето излагање зборувал за Комисијата за избори и менување, а не за некои други работи.

Пратеникот Димовски рече дека нема да одговори на обвинувањето од Николовски, по што Вељаноски го дополни дека не мора на секоја глупост да се одговара.