(ВИДЕО) РЕКОРДНА ЗАПЛЕНА – Вака изгледа повеќе од ТОНИ ДРОГА, ВРЕДНА 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ!

Полицијата во текот на изминатата ноќ заплени повеќе од еден тон сканка соопшти министерот за внатшрени работи Небојша Стефановиќ, чија вредност се проценува на околу 4 милиони евра. За време на акцијата уапсени се шест лица.

Стефановиќ на новинарите им рече дека станува збор за рекордна заплена, не само во Србија туку и во регионот.

Уапсените се сомничат дека поради постоењето на основа на сомнение дека извршиле кривично дело здружување поради вршење на кривични дела и неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, прецизирано е во соопштението на МУП.

Уапсени се Д.Г. кој се сомничи дека е организтаор на криминалната група Д.П. (37) Д.И. (49) П.И. (26) и С.И. (41) од Белград како и В.К. (36) од Нови Пазар.

Постојат основни сомненија дека Д.Г. организирал криминална група која подолг временски период се занимава со набавка, транспорт и продажба на голема количина на скакна на територијата на Косово и Метохија, поради понатамошна дистрибуција на територијата на централна Србија и земјите од Европска Унија.

Осомничените заработија кривична пријава, и во законски рок ќе бидат приведени во надлежност на обвинителството.

 

 

Foto: MUP

„Со сериозна и напорна работа припадниците на Управата на криминалистичката полиција, наркотиците се запленети во регионот меѓу Нови Сад и Бачке Паланка, каде е и уапсена криминалната група која ја пренесувала дрогата“, изјави Стефановиќ.

Министерот прецизирал дека повеќе од 1000 килограми на дрога се пронајдени во шуплините и во возилата и истакна дека ова е една од најголемите заплени на сите времиња и најголема поединечна заплена на наркотици во регионот.

 

Foto: MUP

„Ова покажува дека Република Србија се подготвува да биде поддршка за целиот регион во борбата против шверцот на наркотици. Продолжуваме со добрата и успешна работа, и ја тргнавме тони дроги од улицата на нашите деца, и со тоа покажвме сериозна посветеност во борба против овој вид на криминал“, нагласи Стефановиќ.

Foto: MUP

Дрогата инаку е пронајдена во моментите на претрес на цистерната, која се наоѓа во магацинерскиот простор меѓу Обровац недалеку од Бачка Паланка, во посебно изработени бункери, каде во понатамошниот транспорт треба да биде претоварена во друго теретно моторно возило.