(ВИДЕО) Србине, напиј се – Цеца со хитот на Оливер

Уште една интересна снимка од роденденот на Цеца во која во центарот на внимание беа фолк ѕвездата и нејзиниот син.
Veljko Ražnatović, Ceca Ražnatović
Цеца Ражнатовиќ неодамна наполни 44 години, а роденденот го прослави во еден беглрадски ресторан. Фолк ѕвездата на славата освен своите хитови, отпеа и некои други. Особено внимание предизвика тоа кога Цеца ја изведе песната „Бобане“ од Оливер Мандиќ.
Додека го пееше овој хит од осумдесетите, Цеца му се доближи на Вељко, кој ги дигна рецете од среќа. Потоа фолк ѕвездата и нејзиниот наследник со заеднички сили ја изведоа оваа песна, а потоа настана лудница и сите во ресторанот уживаа.
Инаку, Цеца наместо „Бобане, напиј се“ (како во оригинал звучи стихот на оваа песна на Оливер Мандиќ) ја отпеа „Србине, напиј се“.
Како тоа изгледаше, погледнете на следната снимка:

Najljepši moji 🌍🔐❤ @craznatovic_official @aceisb4ck #ceca #cecaraznatovic

A post shared by 🔱Svetlana Ceca Ražnatović🔱 (@ceca_fp) on