(ВИДЕО) Никола Роквиќ го поддржа доењето во јавност, а за сите мажи има СИЛНА ПОРАКА!

Во Белград одржан е Фестивал на дооење, а амбасадорката на оваа манифестација беше една позната мама, манекенката Бојана Баровиќ. Една од темите на фестивалот беше и доењето во јавност, па во тој момент на Бојана на сцена и се приклучи и сопругот Никола Роквиќ, и во таа прилика се охрабрија сите присутни трудници, кога доењето во јавност е во прашање, но и идни татковци.

Екипата на српски Телеграф, беше на лице место и зборуваше со Никола Роквиќ, кој го поддржа доењето во јавност.

„Јас мислам дека тоа е нормална работа. Ниту една мајка не го работи тоа за да се покаже во јавност, за да нешто. Мислиме дека тоа е приоритет да го прехрани своето дете. Тоа е една основна работа која треба да ја негуваме. Јас се изненадив кога слушнав и видов колку луѓето се против тоа“, изјави Роквиќ за српски Телеграф.

„На мажите би им порачал да ги поддржуваат своите жени, да првенствено им биде цел нивното дете да биде на сигурно, здраво, природно нахрането, ако се во можност и да бидат самите поддршка на жените“, заклучи тој.

Погледнете ја снимката на следниот линк: