„Врати ја ташната, дебела“- Шерифовиќ и ја украла ташната на Карлеуша, а еве што имало внатре

Марија Шерифовиќ во новата емисија „Ѕвезде Гранда“ одлучила да ја украде чантата на Јелена Карлеуша за да види што поп дивата во неа носи и она што го пронашла сите ги шокирало.

Имено, познато е дека тие две се другарки, па Марија одлучила да се пошегува со Јелена, па и ја украла чантата, а потоа ја отворила пред сите во публиката.

-„Дали сте свесни дека таа носи чанта и во неа има само молив за уста? Ти си болна.“-рекла Марија додека Карлеуша врескала:

„Врати ја чантата, дебела!“