Дневен хороскоп (01.12.2017) Четврток

Овен (21.03 – 20.04)

Денот е одличен за работа, за патувања како и за запознавање на нови луѓе. Во втората половина на денот ве очекува расправија. Добро одберете зборови може да повредите некого

Бик (21.04 – 21.05)

Денот е одличен за креативна работа но и за физички труд. Одвојте време за себе и размислете за вашата иднина и што навистина сакате. Ве очекува емоционален подем.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес не започнувајте никаква работа. Ќе имате негативна енергија и ништо нема да ви оди од рака. Но не очајувајте наскоро се ќе биде во најдобар ред. Одвојте време за релаксација и спорт.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе чувствувате дека немате енергија и едноставно нема да сакате ништо да правите. Чувствувате мало разочарување од саканата личност. Не го повишувајте тонот.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес може да почувствувате слаба депресија. Но дозволете му на партнерот да ве расположи. На крајот на денот организирајте интересен состанок

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе имате можност да ја подобрите својата финансиска поддршка. Внимателно одбирајте ги зборовите и дејствијата кои ќе ги преземете. Контролирајте ги емоциите.

Вага (23.09 – 22.10)

Денот е наменет за размислување и духовно надоградување. Во никој случај не се препуштајте на мрачни мисли бидејќи тоа ќе ве спречи да се движите напред во животот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не се преоптоварувајте со работа, оставете нешто и за друг ден. Посветете си внимание на себе. Ќе се чувствувате подобро ако си купите нова облека.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете романтично расположени. На работното место ве очекуваат мали компликации и непријатни ситуации. Не правете планови без да го вклучите партнерот во нив

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот ветува различни можности. Не започнувајте конфликти со блиските и не дозволувајте негативна енергија да завладее во вашиот дом

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе бидете вистински романтичар…Ќе бидете весели и ќе се чувствувате задоволни од животот. Бидете трпеливи се што сакате ќе остварите но треба време.

Риби (20.02 – 20.03)

Пријатен ден во кој ќе имате желба да ја планирате иднината. Оптимизмот денес ќе зрачи од вас. Не останувајте вечерта дома, ширете ја позитивната енергија.