Дневен хороскоп (03.21.2017) Вторник

Овен (21.03 – 20.04)

Се појавуваат препреки и проблеми со кои морате да се изборите. Со оглед на тоа што сте борец и сакате предизвици, можеби ова и ќе ви одговара. Сепак, би требало да вложите многу повеќе сила во се што сакате да постигнете. Во љубовта избегнувајте конфликти.

Бик (21.04 – 21.05)

Добро се снаоѓате со обврските, бидејќи сте задоволни со работата која ви е доверена. Сакате да се поместите од мртвата точка и добивте прилика за тоа. Очекувајте подобрување на финансиската ситуација. Со лицата кои се покрај вас имате одличен однос. Добро се согласувате и разбирате.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Од денес се ќе ви оди многу полесно. Како товарот да ви паѓа од грбот. Работата одеднаш ќе тргне, па финансиската ситуација многу брзо ќе ви се подобри. Многумина ќе работат по две работи. Љубовните планети добро влијаат на вашиот знак, па и емоциите ќе ви бидат засилени.

Рак (22.06 – 22.07)

Работите ќе се одвиваат една по друга без никакви компликации. Ќе забележите мали финансиски турбуленции, но тие брзо ќе поминат. И во љубовта, во мирна врска сте, а тоа ви одговара. Единствено нешто што можете да го направите е во врската да внесете малку динамика.

Лав (23.07 – 22.08)

Од денес почнува период кој долго го чекавте. Ќе започне нешто сосема ново во вашиот живот. Работата би требало да се зголемува, а вие ќе бидете задоволни од развојот на ситуацијата. Вашата врска е стабилна, но положбата на планетите ќе ве натера на авантури. Оние кои се осамени, ќе останат сами уште некое време.

Девица (23.08 – 22.09)

Подгответе се за успехот кој полека но сигурно пристигнува. Можно е некој да ви врати некаков стар долг. Во љубовта, се што се случило е зад вас и не се грижете повеќе за тоа. Емоциите ви се нестабилни, па би можеле да ве доведат до проблеми.

Вага (23.09 – 22.10)

Работата ви оди одлично. Еден период беше малку потежок, но од него се извлековте многу вешто и брзо. Понеделник е исклучително добар ден, па ако закажувате важен состанок, потрудете се тоа да биде денес. Многу Ваги ќе се заљубат.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Исцрпени сте и не стигнувате да се одморите. Обидете се да гледате на тоа како на привремена ситуација. Не сте задоволни со паричната ситуација, но немојте да се критикувате. Иако во емотивниот живот немате проблеми, можни се мали кавги со партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашиот знак е добро аспектиран, што укажува на успех и експанзија на работата. Ова е ваше време и сигурно адекватно ќе го искористите. Бидете внимателни во сообраќајот. Неодамна во вашата околина пристигнала личност која веднаш сте ја забележале. Се чувствувате одлично.

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидете трпеливи и не повлекувајте избрзани потези. Во љубовта се повлекувате и не сакате близок контакт, а тоа предизвикува незадоволство и осаменост. Обидете се да разговарате со партнерот. Депресивното расположение и проблемите со некои лица ќе ви предизвикаат главоболка.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви се вратил авантуристичкиот дух кој долго не сте го почувствувле. Преплавени сте со идеи и можности кои ќе се обидете да ги остварите. Ова е одличен ден за заработка. Ако во вашата близина некој не ви се допаѓа. Не стојте со скрстени раце.

Риби (20.02 – 20.03)

Денот ќе ви биде успешен. Одеднаш ќе ви се појави некоја чудна енергија и се ќе ви стане лесно. Задоволни сте со моменталната ситуација и би сакале и така да остане. Вашата врска оди во добра насока. Оние во брак ќе бидат во хармонија.