Дневен хороскоп (05.20.2016) Сабота

ОВЕН
Меркур има одличен дневен аспект со Месечината, а тоа подразбира прилично лесни и површни комуникации, многу немотивирано задоволство, духовитост, но и здраворазумска логика. Денес вашите мотиви ќе бидат насочени кон личната безбедност, но шегите кои ги правите или раскажувате, можат да бидат прилично морбидни и со многу еротски и сексуални мотивации. Кога сме веќе кај сексуалноста, поривите на таа тема можат да бидат нереализирани или доста проблематични.
БИК
Сонцето денес уште во раните утрински часови има лош аспект на конфликти со Месечината, а тоа означува раноутрински расправии, несогласувања, разни мотиви, едни чувствени, другите од позиција на гордост, темелени на повредено его или суета, најчесто со личност од спротивниот пол, иако нема долго да траат, освен, секако, ако не работите иста работа и на исто место. До пладнето аспектите ви се поволни и може да претпоставите и убав ден, со доста весела атмосфера, но од 18 часот аспектите пак стануваат тешки, можеби и потешки од утринските.

БЛИЗНАЦИ

Интересите и емотивните сатисфакции, на некаков начин ќе ви бидат врзани за деловните активности, професијата, занимањето, работата, за статусот, угледот и слично. На споменатите планови можеби ќе давате најмногу усилби и напори, но со променливи резултати, можни се дури и судири поради повредени его, суета, чувства, но поверојатно поради повредена гордост, критика пред други од некој авторитет и слично. Откако ќе се испукате, еден дел од денот може да ви помине спокојно, но внимавајте на попладнето и вечерта.

РАК
Месечината е во Јарец, знак кој е наспроти вашиот, па оттаму можниот интерес ќе ве насочи кон вашата околина, јавност, дружења во јавноста, секако и кон партнерот, неговото однесување или некакви пориви, интереси. Со последниот, партнерот, односите можат да бидат доста проблематични, посебно ако се лоши и од претходно, денес можат да се дотепаат, особено околу и по 18 часот. Месечината има шест
аспекти, од кои добри се само два, што значи можности за напорен ден.

ЛАВ
Денеска може да им изгледате на луѓето околу вас прилично догматски и застарено со некакви ваши ставови и принципи кои ги протежирате, кои всушност, ниту вам ви одговараат, но поради вашата позната непроменливост, сe уште ги застапувате и, како од инает, не ги напуштате. Затоа не лутете се ако некој и се подбива со нив, ако прави шеги на ваша сметка, кои најпрво ќе ги примите мирно, но поради зачестеното повторување и инсинуации, можете и да се подналутите, иако ова како можност е актуелно кон крајот на работното време.

ДЕВИЦА
Имате убав дневен аспект на Меркур со Месечината, кој подразбира силна интуиција, но и здраворазумско размислување, па посреќни ќе бидат оние што ќе ја послушаат интуицијата и здраворазумски ќе размислуваат, без некои суеверја, мистификации или, пак, да се исплашат од своите способности, што е и најчест случај. Попладнето аспектите се згуснуваат, па би требало да се биде многу попретпазлив во однесувањето, уште повеќе кон своите настојувања, кои можат да бидат исклучиви.

ВАГА
Месечината е во вашиот знак во следните два дена, а тоа за малку ќе ви ја подобри емотивната состојба, а можеби и случувањата околу вас. Исклучително чувствителни на емотивни предизвици и дразби, денов не ви е од најдобрите. Започнува со некаков можен судир, расправија, докажување, од позиција на повредени чувства или его. Можеби нереалност по прашање на некакви материјални добра и преголеми очекувања, но и некакви односи со помлади, кои ќе ве расположат. Попладнето доста напорно и тешко.
СКОРПИЈА
Вашиот емотивен интерес денеска може да биде насочен кон некакви комуникации со личности со кои, по правило, би требало да остварувате голема блискост, бидејќи најчесто се работи за брат или за сестра, но тоа, секако, е во областа на теоријата, бидејќи овие односи најмногу страдаат и не се онолку блиски како што пишува во некои книги. Би требало многу да внимавате и на вашето однесување во сообраќајот, бидејќи немањето концентрација може скапо да ве чини. Попладнето аспектите се поригорозни за вас.

СТРЕЛЕЦ
Понеделнички вашето внимание можеби ќе биде насочено кон парите кон некаква проблемтика во однос на нив, заработка., или некакви други финансиски дилеми и нивно решавање, но и кон некакви лични критериуми, уште повеќе проценки, на личности и ситуации. Нормално, и емотивнта сфера ќе биде насочена кон споменатото, а можни се и некакви простувања на долгови, некои и не така наивни. Како и да е внимавајте на работите околу вас особено ако се случуваат некакви околности во врска со парите, при крајот на денот посоебно

ЈАРЕЦ
Во следните два дена емотивниот живот ќе ви зависи од некаква ситуација дома, со домашните, некаква состојба со едниот родител, што не мора веднаш да се врзува со здравјето, иако е најчеста токму таквата опција, посебно ако се родителите, односно едниот, по правило тој со спротивен пол од вашиот, веќе начнати на здравствен план, но можностите се и за некоја многу конкретна работа или можно случувања во врска со самото живеалиште, некаква промена, адаптација, преселба и слично.


ВОДОЛИЈА

Доста недоречености, некакви информации кои немаат ниту глава ниту опашка, а освен тоа можеби и непроверени, потиснати чувства поради тоа, потреба за осамување и повлекување, лоши односи со личности што не ви се дораснати, но им допуштаат да се однесуваат непримерно. Притисокот може да стане преголем, па така кон 18 часот можни се и силни емотивни експлозии, ненадејни и за мали поводи, а тој дел на денот е доста тежок и напорен, велам со голем притисок и настојувања на личности што не ви се дораснати ниту по еден критериум.

РИБИ
Најверојатно поради некакви случувања за време на викендот или минатата недела, вашиот социјален живот може да има некакво забрзување, во смисла на контакти и личности што сакаат да имаат контакти со вас. Личностите, најчесто од женски пол, уште повеќе ако сте и вие од истиот. Нептун има прилично добар дневен аспект, па некако од сите знаци, вие сте најпочестени да имате ден кој, на некој начин, за вас ќе биде поповолен отколку за другите. Но внимавајте, сепак, од попладнето натаму, тешките аспекти се згуснуваат.