Дневен хороскоп (06.16.2017) Петок

Овен (21.03 – 20.04)

Вашата упорна и енергична природа отсекогаш умеела да ви донесе перспектива, поради што и денеска ќе се карактеризирате со конструктивност и хармонична насоченост кон решавањето на наталожените егзистенцијални проблеми. Најдете малку време и за релаксација и одмор.

Бик (21.04 – 21.05)

Бидете оптимистички расположени и насочете ја својата енергија кон конструктивните и продуктивни цели на животот. Ѕвездите укажуваат дека не треба да се преоптоварувате со слабостите што ви беа присутни во минатото, туку манифестирајте ја својата духовност и креативност и направите нешто добро за себе и за другите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Поставеноста на планетите ветува високо ниво на задоволства, поттикнување кон авантурата и развој на плановите на хармоничен и решителен начин. Затоа, надминете ги предрасудите, храбро зафатете се во костец со искушенијата и придвижете ги работите кон нагорната линија.

Рак (22.06 – 22.07)

Ѕвездите укажуваат дека не е добро да зависите од туѓите ветувања и сугестии, зашто досегашното искуство ве научи излезот од кризата да го постигнете со сопствени сили. Затоа, верувајте во тоа што го поседувате, отворете се за новите доживувања и престанете да гледате негативно кон сe што ве опкружува.

Лав (23.07 – 22.08)

Покажете дека умеете да им се предадете на задоволствата во љубовта, односно не чекајте убавите случувања да ви паднат од небо. Имено, ако реагирате правовремено, поставеноста на ѕвездите ветува големо ниво на страст и романтика.

Девица (23.08 – 22.09)

Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба. Некоја порака од поранешен близок пријател ќе ви донесе голема среќа.

Вага (23.09 – 22.10)

Може да ви се случи недоразбирање со саканата личност и затоа внимавајте на секој изговорен збор. Подобро е нешто да премолчите отколку да бидете брутално искрени. Вие моментално размислувате нерационално. Живеете во некој свој свет и не можете да ги сфатите другите. Истото се однесува и на вашата кариера.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе бидете посебно расположени за дружење. Едвај чекате да го слушнете најновиот муабет за еден пријател и да ја задоволите вашата љубопитност. Озборувањето ќе ве опушти и на кратко ќе заборавите на натрупаните работни обврски.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Трошоците се зголемуваат, а нови приливи тешко доаѓаат. Денес ве очекува мало финансиско освежување. Приливот не е голем, но моментално ќе ја намали психичката криза во која се наоѓате. Партнерските односи ви се добри и не ја пренесувајте вашата несигурност врз партнерот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје.

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротиното од она што вие сте го замислите.

Риби (20.02 – 20.03)

Пред вас се прекрасни моменти, и уште поубава атмосфера. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ги сакате. Ќе јадете неконтролирано иако сте си ветиле на самите себе дека ќе бидете на диета. Ве очекува финансиска добивка која набрзина ќе ја потрошите.