НЕВЕРОЈАТНО: Преку избор во бикини се бара стажисти за нуклеарна централа

Нуклеарната централа во Темелин, Чешка одржа натпреварување во бикини, a на победничките им е ветено стажирање во централата.

Управата  на централата подоцна  им се извини на натпреварувачките. Девојките во бикини позирале во кулата за ладење на централата, која била затворена поради редовно одржување. Корисниците на Фејсбук инаку биле замолени да ги оценат секоја од девојките во бикини.

Инаку, во натпреварувањето учествувале десет девојки, кои само што го завршиле средното училиште. На најпопуларната девојка на изборот и е ветено вработување во централата  во Темелин која се наоѓа во јужниот дел на Чешка.

Scroll to Top