20 совети од руски психолог – вака ќе ги решите сите ваши животни проблеми

Михаил Литвак е еден од најпризнатите светски психолози на денешницата. Овие 20 совети, иако се кратки, ако навистина ги разберете и примените во животот, ќе станат моќно оружје во вашите раце.

Доктор Литвак разви систем што го нарече психолошки аикидо и е првиот што сам го употребил. Овие 20 работи, ако ги проучите и примените во својот живот, ќе станат моќно психолошко оружје во вашите раце.

  1. Ако човекот нема што добро да каже за себе, а сака нешто да каже, тој ќе почне да зборува лоши работи за другите луѓе.
  2. Гризнете во науката (знаењето) кое е од гранит, а не во вратот на вашиот ближен, ако веќе сакате да гризете.
  3. Депресијата е ден кога човекот се замиислува дека е над себеси.
  4. Никој никого не отфрла, само некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Оние што заостануваат мислат дека се отфрлени.
  5. Ако мислите добро за себеси, зошто е потребно и другите да мислат добро за вас?
  6. Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете!
  7. Способноста да сакате и добро да ја поднесувате самотијата ја покажува вашата духовна зрелост. Всушност, најдобро функционира кога сме сами.
  8. Незрелата личност често има занает, но не знае да го примени, а зрелата личност има занает и знае како да го примени. Затоа незрелите луѓе ги критизираат другите, а зрелите дејствуваат.
  9. Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот, а тоа е желбата да им се допаднеме на сите.
  10. Не постои машка или женска логика, само способност или неспособност мудро да промислиме.
  11. Ако сакате да го запознаете својот најголем непријател, погледнете во огледало. Кога ќе се соочите со нив, сето друго лесно ќе го победите.
  12. Постигнатиот успех и сите навреди ќе минат.
  13. Убаво е да се разговара со пријателите, но корисно е да се разговара и со непријателите.
  14. Постои само еден причина да ја прекинете врската со некој/ја или да го прекинете работниот однос, а тоа е невозможноста на личниот успех во тие услови.
  15. Својата радост треба да ја делите и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се радуваат со вас, а непријателите ќе се вознемират.
  16. Не бркајте ја среќата и ќе го најдете местото каде што таа престојува. Среќата на тој начин може да ве пронајде вас. Можам да ви кажам едно место на кое таа се наоѓа, а тоа е во вас. Патот до тоа место е развој на вашите способности до максимум.
  17. Среќата е нуспроизвод на добро организирано дејствување.
  18. Ако сакаште нешто на некого да му докажувате, тоа значи дека живеете за таа личност. Но, ако живеете за себе, тогаш не морате на никого ништо да му докажувате.
  19. Фантазијата е гласот на нашата способност. На пример, фантазирам да пеам во опера, а немам ни глас ни слух, тешко дека ќе стигнам во опера. Но, ако фантазирам за нешто што е повеќе во согласност со моите способности, ќе ми се остварат соништата прилично бргу. Добро е кога човек може себеси да си рече „се занимавам само со обидите да ги остварам своите соништа.
  20. Подобро е да комуницирам со добра книга отколку со празен човек.
Scroll to Top