Ако имате помалку од 50 години никогаш нема да добиете пензија!

Пензионерите се бунат поради малите пензии, но тие се сосема пристојни ако ги споредиме со пензиите што ќе ги имаат идните генерации, доколку сами не заштедат нешто.

Пензискиот модел кој за нас е примарен, таканаречената меѓугенерациската солидарност, пропаѓа веќе десетици години.

Ќе се согласиме дека пензија од 15.000, 20.000, па и 30.000 денари е скромна, но ако се продолжи со буткањето на главата в песок, нешто на што Македонците и тоа како се навикнати, за 20, 30, 40 години ќе зборуваме за денешните пензии како за дебели и добри примања.

„Јас пред 20, 30, 40 години уплатував за пензиско и сега заслужувам добра пензија!“

Е тука е првиот проблем. Никој не плаќал за себе туку за тогашните пензионери. Класичниот пензиски фонд е обична сметка на која работниците уплатуваат за пензионерите да добиваат пензија. Но, тоа не е вложување во сoпствената иднина.

Постоечкиот модел на пензија го вовел „Железниот канцелар“, Ото фон Бизмарк, во 1889 година. Како изгледал тој? Сите работници плаќале, а темелот на истиот бил работникот да добие државна пензија кога ќе наполни 70 години. Моделот бил добар, но да не заборавиме дека тогаш имало голем број лица кои наполниле 70 години, и дека сега сите тие просечни работници во иднина очекувале неколку години уживање во пензија.

Младите кои ова го читаат, поради напредокот во медицината и квалитетот на животот, може да доживеат и преку 90 години. Друга работа која се случувала тогаш во Германија, но и кај нас до пред 50 години е преселбата на огромен број  селани  во градовите и со тоа механички се создавале нови работници.

Што мислите, зошто Бизмарк ги измислил социјалното осигурување и пензиите? За да ја задуши левицата. Во извонреден текст објавен во 1995 година за неговите социјални реформи, Владо Пулјиз наведува и генијален цитат на Бизмарк од неговото обраќање пред Рајхстагот за  време на расправата за пензискиот закон во 1889 година:

„Кога ќе имаме 700.000 ситни пензионери кои  ќе примаат пензија од државата тие ќе изгубат од 115 до 200 марки месечно, и тоа нема да можеме да го спречиме, уверен сум дека тогаш ќе увидите дека обичниот граѓанин  гледа на Рајхот како на добротворна установа“.

Канцеларот знаел дека ако на луѓето им плаќаш кирија, тие нема да се бунат.  Дали сега ви е јасно зошто власта во 90-тите  предвремено ги  пензионирала луѓето?

Кој ќе ви плаќа за пензијата?

За системот на меѓугенерациска солидарност да функционира треба да има барем три работници на еден пензионер. Просечното македонско семејство денес нема по пет деца, ниту, пак, илјадници селани се вработуваат во градовите.

За 20 години просечниот човек ќе има подолг животен век, и со овој наталитет и заминувањето на младите едноставно ќе  нема  работници кои ќе треба да ги полнат фондовите. Попрецизно, она што ќе го уплаќаат ќе биде многу малку.

Вториот пензиски столб е добра идеја. Дел од парите одат на ваша сметка и во основа самите штедите за својата пензија. Но, тоа е само 5% од придонесот од кој ве плаќаат. Тоа се премалку пари. Според планот, требало да се уплаќа повеќе, но тогаш  би недостигале пари за постоечките пензии, а секоја власт сака неколку гласови повеќе.

Накратко, ако имате 25, 35 или 45 години, вашите пензии речиси ќе ги нема.

Им верувате на политичарите или себеси?

Ако одвојувањето за ДДВ е 20%, а не 25%, дали би можеле разликата да ја уплатите за пензија без да ви недостига нешто?

Доколку немате трошоци за автомобилот, дали тие 10.000 денари би ги орочиле на 20 години (наједноставен пример) место да ги дадете на државата?

Доколку придонесите би биле помали, би можеле ли да уплатите 2000 денари во на пример, третиот пензиски столб? Со уплата на 2-3 места би можеле  да го поправите вашиот стандард за 20-30 години, особено ако почнете на време.

Вториот начин е овој што веќе го имаме. Системот на меѓугенерациска солидарност математички се распаѓа. Ни остануваат два избора. Едниот е да ја поддржуваме државата на високи даноци, да им верувате на политичарите и да се откажеме од  парите за пензија. Но, има и втор избор, да побараме државата да ги намали даноците.

 

 

Scroll to Top