Ал Капоне на Денот на вљубените сакал да преземе контрола над целата мафија

Масакрот на Денот на вљубените е името за убиството од 1929 година. Тогаш во Чикаго биле убиени седум мажи, членови на бандата од Северната страна, во текот на периодот на прохибицијата. Тој 14 февруари дошло до конфликт меѓу ирско-американските банди и италијанската банда од Јужната страна, кој ја предводел Ал Капоне. Тој тогаш се обиде да ја преземе контролата над организираниот криминал во градот и да ја спречи бандата што ја водел Џорџ (Бугс) Морган.

Околу 10.30 часот на 14 февруари 1929 година седум луѓе се убиени во гаража во улицата Норт Кларк во 2122 во околината на Линколн парк во Чикаго. Петмина работеле за Моран.

Тие убиле четворица мажи, од кои двајца носеле костуми и вратоврски, а другите полициска униформа. Самиот Ал Капоне, познат под името Скарфејс, неколку дена пред убиството отпатувал за Мајами.

Иако сите знаеле кој стои зад овој напад, Ал Капоне имал силно алиби и никогаш не бил обвинет за масакрот на Денот на заљубените.

КАКО СЕ ОДИГРАЛ ЦЕЛИОТ НАСТАН

Организацијата што ја предводел Ал Капоне го испланирала масакрот за да го елиминира Џорџ (Бугс) Морган, шефот на бандата од Северната страна. Поранешниот шеф на таа банда, Ден Обанион, е убиен во својата цвеќарска работилница во 1924 година. На него пукале четворица напаѓачи.

По убиството на Обанион секој следен лидер на оваа банда е убиван од страна на спротивставените банди и соработници на Ал Капоне.

Тој 14 февруари целта била да се убијат Моран и уште двајца или тројца негови соработници. Но, кога тој ден бандата се собрала во гаражата, Моран сѐ уште не бил таму.

Својот стан го напуштил подоцна од вообичаено. Кога со еден од своите луѓе стигнал до зградата, видел дека до неа се доближува и полициско возило.

Веднаш го свртеле автомобилот и отишле во блискиот кафе-бар. Попатно се сретнале со уште еден член на бандата, кој исто така го предупредиле.

Се претпоставува дека луѓето на Ал Капоне го замениле Моран со еден од неговите соработници. Тоа веројатно бил Алберт Вејншанк, кој бил на иста висина како Моран, но и слично граден. Таа сличност била уште поголема затоа што и двајцата носеле исти капути и шапки, и тоа во иста боја.

Сведоците велат дека пред гаражата запрел „кадилак“. Излегле мажи во костуми и униформа, кои биле вооружени со пушки.

Кога влегле, „полицајците“ им наредиле на мажите да се наредат пред ѕидот. Тогаш убијците почнале да пукаат, а нивните цели на крајот биле целосно нагрдени.

ДОКУМЕНТИТЕ ОД АУТОПСИЈАТА

87 години подоцна откриени се документи со деталите од аутопсијата и испрашувањето на сведоците, кои биле скриени во метална кутија во складиштето, а тие фрлаат едно ново светло на најкрвавиот настан во мафијашката историја на Чикаго.

Scroll to Top