Америка ќе биде збришана од нуклеарна војна пред крајот на светот

Пасторот Грег Лори, припадник на христијанската група Харвест во Риверсајд во Калифорнија, смета дека Америка би можела да биде збришана во нуклеарната војна, уште пред да почне крајот на светот.

Пасторот Лори вели дека пророштвото му е откриено откако ја прочитал Библијата и открил дека во последните денови не биле споменатите „владејачките суперсили“, што само може да се протолкува дека САД претходно биле целосно уништени.

„Ова ме загрижува. Во приказната за судниот ден,никаде не се споменува светската суперсила. Се појавува друга нација. Па каде е Америка? Се молам само да не сме збришани од лицето на земјата затоа што сме биле во некој нуклеарен конфликт“, вели Лори.

Се чини дека нацијата која најверојатно ќе ја нападне САД со нуклеарно оружје ќе биде Северна Кореја.

Но, како што истакнува Лори, не се споменува ни нацијата на Ким Јонг Ун, но се говори за Иран, кој би можел да  ѝ помогне на Северна Кореја, според оценката на пасторот.

„Во последните денови не се споменува ниту една нација која би личела на Северна Кореја, но Библијата говори за Иран во делот со сцените за крајот на времето. Можеби ќе бидете изненадени доколку знаете дека постои врска меѓу Северна Кореја и Иран“, вели Лори.

Видете го видеото:

Scroll to Top