Американски рапер сака да докаже дека Земјата е во форма на диск

На крајот на мрачниот среден век големите географски откритија ја откриле вистината дека Земјата е тркалезна, по што морепловците повеќе не се плашеле дека ќе паднат од Земјината плоча ако дојдат до крајот на светот.

Новите сознанија влијаеле на забрзаниот развој на картографијата, навигацијата, бродоградбата, со кој светот влезе во новиот век.

Но, како што денес пловиме на запад и за кратко време стигнуваме на исток, можно е да се случи многу бргу да се вратиме во средниот век, барем според современите следбеници на идејата дека Земјата не е тркалезна.

Еден од гласните заговорници на таа идеја е американскиот рапер Б.о.Б., чие вистинско име е Боби Реј Симонс Јуниор, кој тврди дека Земјата всушност има облик на диск.

Некои заговорници на теоријата за рамната Земја тврдат дека НАСА го „крие“ работ на светот за луѓето да не паднат од него.

Американскиот рапер има цел да собере докази за своите тврдења, па иницира crowd-funding кампања за преку интернет да собере пари за лансирање сателит.

„Движењето GoFundMe сака да испрати еден сателит, доколку е можно и повеќе од еден, во вселената, или барем во орбитата, за да ја пронајде заобленоста“, порача раперот преку видео преку кое сака да ги мотивира истомислениците да му дадат пари.

Имено, неговите истомисленици веруваат дека заобленоста на Земјината топка треба да биде видлива со голо око.

Б.о.Б. во својот став очигледно не е осамен затоа што неговата досегашна кампања допре до 60 луѓе, кои беа отворени да му помогнат со 2.000 долари.

Првобитната цел му била да собере 200.000 долари, но ја зголемил на 500.000 долари, за на крајот да постави нова цел од дури 100 милиони долари.

Scroll to Top