АМЕРИКАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ – Хемотерапијата помага во растот на ширење на туморот

Истражувачите во САД предупредуваат дека хемотерапијата може да предизвика рак, и истиот да го рашири по целото тело. Хемотерапијата може да го поттикне растот на поголеми и повеќе смртоносни тумори.

Новата студија за влијанието на хемотераписките лекови на пациентите со рак на дојката откри дека лековите за рак, всушност ги зголемуваат шансите за ширењето на ракот – по што често доаѓа до прерана смрт кај заболените.

Од 55.000 жени, кои секоја година заболуваат од рак на дојката, во Велика Британија 11.000 завршуваат со трагичен крај, пишува британски Телеграф.

Многумина ја преферираат хемотерапија пред операцијата, но новите истражувања покажуваат дека, иако туморот се собира во краток рок, хемотерапијата би можела потоа да предизвика ширење на канцерогени клетки по целото тело.

Се смета дека отровните лекови го прекинуваат механизмот на опоравување во телото, што може да резултира и да им овозможи на туморите, по нивното намалување, да се намножат уште повеќе.

Така се зголемува бројот на „врати“, крвни садови, кои овозможуваат да ракот се рашири по целото тело.

Доктор Џорџ Карагианис, од Алберт Ајнштајн Колеџот, на секторот Медицина во Јешива Универзитетот во Њујорк, открил зголемен број на „врата“ крвни садови, кај 20 негови заболени пациенти кои примиле две слични хемотерапии.

Тој исто така откри дека кај глувците, хемотерапијата го зголемува бројот на клетки на рак, кои циркулираат низ телото и белите дробови.

Докторот изјави дека го следел здравјето на жените во текот на хемотерапијата и можел да провери дали ракот почнал да циркулира и дали почнал да ги зголемува бројот на „врата“ крвни садови.

„Еден пристап би бил да се анализира малата количина на ткива на туморот, по неколку дози на препоеративна хемотерапија“, изјави тој.

„Ако по анализата, резултатите покажат дека е зголемен препорачениот престанок на хемотерапија, и дека операцијата треба да има предност, следи постоперативна хемотерапија.

Во моментов се планира испитување во врска со хемотерапијата за решавање на тој проблем.

„Во оваа студија сите го истражувавме ширењето на клетките на рак на дојката на предизвиканата хемотерапија. Во моментов работиме на друг вид на рак и истражуваме дека чинителот е сличен“.

Студијата е објавена во списанието Science Translation Medicine.

Scroll to Top