Берлускони пак премиер

Францускиот неделник „Журнал ди диманш“ во своето викенд издание пушува дека Берлускони се враќа во политиката. Тие го нарекоа поранешниот италијански премиер „мачка со седум животи“.

„Осуден е за затајување данок, прогласен е за неподобен да се кандидира за политичка функција, ама 81-годишниот Берлускони се враќа во политичката арена за парламентарните избори на 4 март“, стои во текстот со наслов „Берлускони, враќање во иднината“.

Според политикологот Марк Лазар, целта на Берлускони е јасна, да го избрише од политичката сцена Матео Ренци, поранешниот премиер од владејачката демократска партија, па самиот да постави премир, да го смени изборниот закон, да добие ослободителна пресуда и да може повторно да се кандидира за премиер.

„Од неговите излагања може да се заклучи дека му одговараат Паоло Ѓентолини, доскорешниот премиер, или Антонио Тајани, претседател на Европскиот парламент, кои се негови пиони“, стои во текстот.

Scroll to Top