Безбедносен експерт открива создавање на страшна војска во БиХ

Ваква злоупотреба имаме видено во Сирија и Ирак. Такво нешто работат само Ал-Каеда и Исламската држава. Тоа во Европа не се прави, особено тоа не смее медиумски да се промовира, вели Џевад Галијашевиќ.

Што сме ние? Аксери! Тоа би можело да биде сосема вообичаен мотивационен повик да не се работи за камп за деца, кој, меѓу останатите, ја води Насер Ориќ, поранешен командант на војската на Босна и Херцеговина, и да, аскер на турски значи, војник.

На снимката која е објавена на Јутјуб канал, од овој камп, со официјално име, Здружение за развој на физички позитивни морални особини „Аскери“, јасно се гледа дека децата, воглавно момчиња, минуваат низ физички тренинг које многу сличен на оние кои можат да се видат во некои други милитантни центри. Тоа што загрижува е фактот дека „тренерите“ сериозно потсетуваат на физичката појава на вехабисти, а уште повеќе фактот дека кампот не е единствен вавков во Босна и Херцеговина.

Џецад Галијашевиќ, експерт за безбедност на Босна и Херцеговина вели дека не е непознат фактот дека зад разни спортски клубови во Федералниот дел на Босна и Херцеговина, стојат разни организации кои се занимаваат со милитаризација на деца. За него, како што објасни за Спутник, му е подеднакво страшно што со помош на споменатиот камп „Аскер“, се споменува името Насер Ориќ, како и фактот дека таа организација се има самата огласено, и фактички се повикуваат нови членови да им се приклучат.

„Интересно е што тие не биле во фокусот на безбедносните служби се додека не е објавена вежбата на кампот на Јелен кај Тешња, која е на границата на Хрватска Општина Усор. Таа општина уште синоќа издала соопштение дека после седницата на собранието во која изрази голема загриженост поради тие објаснувања“, вели соговорникот.

Од она што го имаме видено, што се случува во кампот, јасно е дека милитаризацијата на децата се извршила со невидливи верски лекции, во кои тие говорат дека ги подготвуваат муслиманите за идните проблеми.

Галијашевиќ вели дека е јасно дека во камповите извршуваат физички подготовки кои недвосмислено потсетуваат на предвојничка обука, односно, обука која, како што вели, нема во ниту една наставна програма.

„Нема сомнение дека се работи за злоупотреба на деца на ист начин на кој води на Блискиот исток, а не во Европа. Се што имаме видено, дури и да заборавиме на Насер Ориќ, не е преседан, ни исклучок. Постојат разни видови на спортски обуки кои се одвиваат дури и во просториите на Исламската заедница во Босна и Херцеговина или во џамиите, а каде децата се обучуваат за борачки вештини. Тоа што е важно е дека децата на оваа возраст не можат и не смеат да бидат подложни на вакви обуки“, вели тој.

Галијашевиќ е убден дека зад сето ова не стои само Ориќ, туку вкупната национална и верска елита на Бошњаци.

„Таквите активности на свој начин ги поддржува Исламската заедница и тоа е навистина страшно. Тие не гледаат проблем во милитаризацијата на децата и создаваат воени психози кај нив и учења за евентуални воени конфликти.Таква злоупотреба на децата имаме видено само во Сирија и Ирак. Такво нешто децата прават само во Ал Каеда и Исламската држава. Тоа во Европа не се прави, а особено тоа не смее медиумски да се промовира“, вели Галијашевиќ.

Неодамна германскиот весник „Шпигл“, објави текст во кој се наведува дека радикалните сунити, пронашле во Босна и Херцеговина, ново место за делување од позадина, со напомена дека станува збор за луѓе кои проповедаат џихад и врбуваат борци за Исламската држава, среде Европа. Весникот наведува дека германските истражители поаѓаат од тоа дека во Босна и Херцеговина постојат околу 12 места во кои радикалните селафисти, непречени од државните власти, ги собираат своите следбеници.

Неодамна американскиот експерт за политика на Балканот, и прашањата за безбедност, Гордон Бардош, изјави дека смета дека главниот предизвик за известувачките и безбедносните служби, кои се занимаваат со заканите на ДАЕС, е да бидат негова балканска мрежа.

Бардош укажал на тоа дека голем број на странски војници потекнуваат од овој регион, и дека според студиите, Босна и Херцеговина и Косово даваат повеќе џихадисти доброволи, по глава на жител отколку која било друга земја во Европа. Во текстот објавен на сајтот на Американскиот центар за демократија, Бардош истакнува дека Исламската држава сега ги упатува своите следбеници да финансиските донации ги насочуваат кон овој регион.

„Објектот за обука на терористи во Босна и Херцеговина често делува под маската на младинските кампови, кои се поставени во оддалечени краеви далеку од љубопитните очи, каде поранешни муџахедини земаат млади луѓе и ги носат во локални брда и шуми на воена обука“, наведува Бардош.

Босна и Херцеговина веќе со години одбива да состави листа на џихадисти, односно терористи на тој простор, поради што со години е блокирана од меѓународната заедница.

 

 

Scroll to Top