Бог ја напушти Америка, сè повеќе атеисти на Западот

Седум од десет Американци себеси се сметаат за христијани. Ова само потврдува дека полека исчезнува христијанската самоидентификација, а ваквиот тренд најмногу се забележува кај младите.

85% од Американците кои се родиле во периодот до 1945 година се сметаат за христијани. Таа бројка драстично опаѓа што се однесува до лицата родени по 1982 година. Овој процент кај нив изнесува само 57%.

Антихристијанската елита сега почнува да ги контролира културата и уметноста, елитните универзитети, медиумите и масовната култура.

Преку книгите, филмовите и магазините се води широка офанзива на христијанската вера и морал.

Пола од браковите сега завршуваат со развод. Се раѓаат сè помалку деца. Расниот проблем денеска е полош од тој во 50-тите години.

„Ова е христијанска земја“, објави Врховниот суд во САД во 1892 година.

„Америка се родила како христијанска земја“, го изјави ова Вудров Вилсон, а Хари Труман само го потврди: „Ние сме христијанска земја“.

Но, Барак Обама во 2009 година изнесе поинакво мислење: „Ние себеси се сметаме за христијанска земја“.

Неодамнешната анкета на „Пју рисрч центарот“ покажа дека САД со забрзано темпо се дехристијанизираат. Уште во 2000 година 86% од Американците се сметале себеси за христијани, а во 2007 тој податок паднал на 78%. Денеска 7 од 10 Американци себеси се сметаат за христијани.

Постоењето на атеисти, агностици, достигна до неверојатни 23%, што е повеќе отколку што во САД има католици и нешто помал број од евангелистите. Недостигот на христијанската самоидентификација е најзабележан кај младите.

Ако сакаме да ја согледаме нашата иднина, треба да погледнеме во католичка Ирска, која штотуку гласаше за легализација на истополовите бракови, а нејзините храмови и цркви се претвораат во туристички атракции, музеи, барови и ресторани.

Кои се причините за дехристијанизација на Америка?

Преку книгите, филмовите и списанијата се води широка офанзива на христијанската вера и морал. Социјалната револуција од 60-тите години почна со доаѓањето на бејби-бумер во универзитетските домови (кампусите).

Какви се последиците од досегашната дехристијанизација на Америка и Западот?

Пола од браковите завршуваат со разводи.

Се работи за сè помал број деца: 40%. Рекордите се поставуваат и со порастот на употреба на наркотиците. Високото ниво на криминал се намалува благодарение на тоа што нивото на лишување на луѓето од слобода нималку не заостанува од она во Јужна Африка.

И покрај достигнувањата во полето на медицината, болестите кои се пренесуваат преку полов пат, досега невидено, смртоносно се прошириле. Христијанството умира и се заменува со индивидуализам, материјализам и хедонизам.

Преку милион абортуси годишно, оправдани самоубиства и поддршка на еутаназијата. На сето ова се гледа како на етапа на социјален прогрес во новата Америка.

Американците економски веќе зависат од странците, кои ги задоволуваат нашите основни потреби. Американската политика е отровна.

Нивните расни проблеми денеска се полоши од оние во 50-тие години од минатиот век. А што се однесува до рамноправноста, разноликоста и глобалната демократија, никој не е подготвен за нив да умре.

Добро изјавил историчарот Арнолд Тојнби: „Цивилизациите не умираат затоа што некој друг ги убива туку самите извршуваат самоубиство“.

Прашање на време е кога таа „цивилизација“ ќе премине од Америка во Европа.

 

 

 

Scroll to Top