Британците за снежната бура го обвинуваат Путин

Ова е најлошата снежна бура што ја погодила Велика Британија во последните 30 години, а голем дел од тамошното население смета дека таа е дело на службите на Путин.

Повеќе од стотина лета биле откажани во Лондон поради незапаметените снежни наноси што ја парализираа целата земја. Според процените на експертите, ова е најлошата снежна бура во последните 30 години во оваа земја, а колку таа претставува страв и трепет за населението, најдобро покажуваат температурите, кои се многу под нулата, а како резултат на тоа имаат замрзнато дури и водата и цевките.

Хаосот што завладеа во Велика Британија наведе голем број корисници на „Твитер“ да почнат да шпекулираат за тоа дека бурата и труењето на рускиот шпион и неговата ќерка се дело зготвено во руската кујна.

„За снежната бура е одговорна Русија. Путин може да го контролира времето“, напишал еден твитерџија.

„Изгледа дека Русија повторно си игра со машината за менување на временските услови“, напишал друг.

„По самозадоволната насмевка на лицето на Путин се гледа дека оваа бура доаѓа од Русија“, бил коментарот на уште еден твитерџија.

 

 

 

 

Scroll to Top