Чарлс ја убил принцезата Дајана, потребна е нова истрага

Познатиот британски адвокат тврди дека смртта на Дајана не е случајна и повикува на нова истрага за сообраќајната несреќа во Париз од пред 20 години која имаше фатални последици за британската принцеза.

Адвокатот Михаел Менсфилд, кој претходно го застапуваше Мохамед ал-Фаед, во новиот американски документарен филм тврди дека принцот Чарлс бил еднакво вмешан во убиството на Дајана.

Менсфилд стана сомнителен затоа што полицијата не реагирала на пораката на принцезата Дајана во која напишала дека принцот Чарлс планирал да ја убие во сообраќајна несреќа, само неколку месеци пред таа да загине.

Со пораката „Јас ќе завршам на дното на карпата, тоа е крајот“ таа сакала да покаже кој ќе биде одговорен за нејзината смрт.

Мансфилд, адвокатот што го претставувал сопственикот на синџирот стоковни куќи „Хародс“, Мохамед ал-Фаед, своите тврдења ги откри во најновиот американски документарен филм кој ги оживеа мноштвото теории на заговор, напишал британски „Сан“.

Што се однесува до причините зошто кралското семејство сакало да ја убие Дајана, адвокатот тврди дека причината била што принцезата носела дете на Доди ал-Фаед.

 

Scroll to Top