Чудо од канабис ги лечи сите проблеми кај старите лица

Лекот може да замени огромна количина лекови што ги користат повозрасните граѓани.

Во последно време сè повеќе пациенти употребуваат медицински канабис, и тоа особено постарата популација.

Се чини дека им годи. Последното истражување, кое доаѓа од Израел, покажува дека пациентите над 65 години се задоволни од лечењето со канабис.

Истражувањето објавено во European Journal of Internal Medicine вели дека терапевтската употреба на канабис меѓу постарата популација е ефикасна.

Исто така нагласува дека потребата на канабис би можела да ја намали употребата на другите лекови, вклучувајќи ги и разните типови опијати.

Истражувањето го спровел тим од Израел, земја која предничи во истражувањето на употребата на канабис, на чело со доктор Рафаел Мекхоулам, кого го нарекуваат татко на истражувањето на канабисот.

Научниците следеле 2738 пациенти над 65 години, кои се лечеле со терапија на медицински канабис. На повеќето лечењето им било потребно поради болките и тумор.

По шест месеци третман, дури 93,7% од случаите забележале напредок во својата состојба, а нивото на болки им бил намален од осум на четири (на скала од еден до десет).

Забележани се некои нуспојави, вртоглавица (9,7%) и сушење на устата (7,1%).

По шест месеци, 18,1 % од пациентите прекинале да ги користат другите лекови против болки или ги намалиле.

Ова е само едно во низата истражувања што покажуваат дека постои надеж. Останува надежта дека постарите пациенти, кои  најмногу ги користат лековите на дневна база, може да ја намалат употребата на други лекови и да користат само канабис.

И нивната здравствена состојба ќе се поправи. Се чини дека постарите пациенти сè повеќе бираат канабис место други лекови.

Примерите покажуваат дека канабисот е ефикасен лек кај многу други болести присутни кај постарата популација, како што се болките во мускулите, несоницата, депресијата, алцхајмерова болест и слично.

 

 

Scroll to Top