Џим Кери предупредува за новата технологија на „Епл“

Новата технологија на „Епл“, iPhone Face ID, ќе биде искористена од страна на глобалната елита за да го пороби човештвото и тоа да влезе во тоталитарен нов светски поредок.

Според холивудската ѕвезда Џим Кери, ова е реалност, а тој ја предупреди калифорниската компанија дека неговите денови на користење „ајфон“ се изброени.

„Џорџ Орвел да ја напишал книгата од 1984 година денеска, нејзината работа би се вртела за технолошките компании што владеат со тоталитарната држава наместо комунистите. Дуќаните би се нарекувале градски трговски, а телефоните што би биле принудени да ги купите ќе ви го скенираат вашето лице“, изјави Џим Кери на филмскиот фестивал во Торонто, каде што го промовира документарецот на „Нетфликс“, Јim & Andy: The Great Boyond.

Претходно оваа недела Џим Кери во неформален разговор за време на Модниот викенд во Њујорк изјави дека сето тоа е идолопоклонство.

Во неговото интервју што го даде за време на интернационалниот филмски фестивал во Торонто тој ја почувствува потребата на јавноста да ѝ го даде утопиското предупредување за компанијата „Епл“ и нејзиното најново технолошко скенирање на лицето.

Според Кери, новата технологија на „Епл“, „Face ID“, во блиска иднина може да падне во погрешни раце.

„Можете да се обложите дека таа иста технологија ќе се користи за идентификација на демонстранти, за одредување дијагноза дали сте депресивни и како целата таа работа да се исплати“, изјави филмската ѕвезда.

Истата таа технологија ќе се користи за класификација дали сте виновни или не, дали сте злосторници или терористи или која е вашата сексуална ориентација. Не велам дека тоа ќе го направи „Епл“. Само велам дека тоа може да се случи и дека ќе биде направено од страна на луѓето што сакаат да нѐ воведат во новиот светски поредок.

 

 

 

 

Scroll to Top