Џиновски ХАРП облак над сончевата Калифорнија

Посетителите на плажата во калифорнискиот град Санта Круз се вчудовидоа кога го здогледаа џиновскиот облак магла што изненадувачки се појави за време на сончевиот ден.

„Беше навистина жешко тој ден во Санта Круз, па отидов на плажа. По само пет минути, небото потемне, дувна ветер и се појави огромен облак магла.

Летаа чадорите за сонце, песокот ни влегуваше во очи, а луѓето забрзано ги напуштаа плажите.

По неколку минути, облакот помина и повторно огреа сонце“, напиша авторот на овој видео-клип.

Корисниците на Јутјуб исто така беа вчудовидени од тоа што го видоа.

„Ова е крај на светот“, напиша еден од коментаторите, додека друг забележа дека всушност станува збор за „вселенскиот брод кој бил сокриен во облакот“.

Луѓето не веруваат дека со изумот на Никола Тесла може да се манипулира со временските услови, но ако почнете да истражувате, ќе се уверите дека не е сè резултат на мајката природа.

Scroll to Top