Џоди Фостер: Холивудската елита се обиде да ме силува кога бев девојче

Актерката Џоди Фостер, откри дека холивудските раководители се обиделе да ја силуваат во времето кога била тинејџер, и кога се обидела да се пробие во индустријата на филот.

Фостер им раскажала на новинарите дека најголемите холивудски продуценти се обиделе сексуално да ја злоставуваат, кога родителите и биле надвор од градот.

Ваквото откритие на Џоди Фостер не е нешто ново, откако и неколку други славни лица во Холивуд, како што се Џастин Бибер, Фледман, Елијан Вуд, и многу други, претходно лично просведочија за елитниот Холивудски педофилски прстен.

53 годишната Џоди, откри дека продуцентот ја повикал додека била кај пријателка да преспие и се „преправала“ дека таа го пропуштила состанокот, знаејќи дека мајка и е надвор од градот.

„Ме натера да дојдам на состанок за да разговара со мене, и ме праша дали може да ми ја соблече јакната. Па ме натера да се свртам за да го види моето тело“, се присети Џоди.

„Знаете јас имав 14 години и бев малку буцкаста со мозолчиња. Но, еден ден потоа, мојот агент отиде во неговата канцеларија и го удри во лице“, вели Џоди.

Таа говореше и за тоа дека била извор на храна за нејзиното семејство, уште од младите доби, откако учествувала во првата реклама кога имала три години, а ја добила и првата номинација за Оскар во филмот „Таксист“, на само 14 години.

„Имаше голем притисок врз мене кога го хранев целото мое семејство“, изјави пред новинарот Марк Фенели. „Јас бев единствениот извор на приход во целото мое семејство“.

Како една од ретките детски ѕвезди, која никогаш не скршнала од вистинската патека, Џоди изгради успешна актерска кариера, освојувајќи Оскар за филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ и „Обвинети“.

 

Scroll to Top