Египетски принц кој сакал да го убие својот татко обесен поради предавство

Археолозите мислат дека ја решиле мистеријата за мумијата што вреска на древен египетски леш со отворена уста, пренесува „Индепендент“.

Позната како „Непознат маж Е“, мумијата е откриена во комплексот на гробницата „Деир ел-Бахари“ во Египет.

Со ДНК-анализа утврдено е дека овие остатоци, всушност, му припаѓаат на принцот Пентавер, синот на фараонот Рамзес III, кој бил вклучен во заговорот за убиството на татка си.

Историските податоци укажуваат на тоа дека принцот е осуден на смртна казна со бесење поради неговото предавство.

Египетското Министерство за антиквитети извести дека вратот на мумијата открил дека личноста сепак не била отруена, туку обесена. Тоа го поврзале со древниот текст кој говори за заговорот на принцот Пентавер и кралицата Тије – синот на фараонот и неговата втора сопруга – да го убијат Рамзес III.

Посмртните останки се сметаат за чудни затоа што не се мумифицирани иако се погребани во близина на мумијата на кралското семејство.

Мумификацијата е сложен процес кој подразбира отстранување на внатрешните органи и внимателно балсамирање на телото.

Наместо тоа, ова тело е оставено да се исуши, па е замотано во овча кожа наместо во фино платно, која е врзана за поголемиот дел од мумијата.

Според мислењето на експертите, старите Египќани овчата кожа ја сметале за нечиста.

Кога сѐ заедно ќе се набљудува, ДНК-доказите, ознаките на телото и начинот на погребување, сѐ ова укажува дека се работи за посрамениот принц.

УБИСТВО РАМЗЕС III

Убиството на Рамзес III, египетскиот фараон на 20. династија, кој владеел од 1182 година до 1151 година пред нашата ера, е опкружен со мистериозни детали. Откриено е дека му се пресечни гркланот и палецот, и тоа во напад во кој учествувале повеќе лица.

Записите на хартија сугерираат дека дошло до заговор против фараонот внатре во неговиот харем и дека заговорниците се фатени. Се верува дека Тија зготвила заговор со намера син ѝ да дојде на престолот поради што е убиен и фараонот, а во подготовката на планот и во убиството учествувале и десетина луѓе.

Археологот од Њујорк што го прегледал телото во 2008 година, Боб Риер, изјавил дека принцот Пентавер е погребан под необични околности.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top