Експерти докажаа дека во минатото постоеле џинови

Kостури високи речиси по три метра се откриени во регионот на Амазон, во близина на Еквадор на границата со Перу. Сега група истражувачи од Германија ги испитува и проучува древните остатоци со надеж дека ќе ја разреши тајната што се крие зад нив, вели британскиот антрополог Расел Демент (Russell Dement).

Според „CuencaHighlife.com“, уште во 2015 година тимот експерти откри десетина таинствени костури за кои се верува дека потекнуваат од периодот меѓу 1400 и 1500 години. Овие „ненормални“ костури се високи и до три метри.

„Ние сме уште во раната фаза на нашето истражување, а јас сум единствениот кој може да зборува за поединостите за тоа што го откривме. Не сакам тврдењата да се темелат на шпекулации паралелно со нашите истражувања. Со оглед на големината на костурот, ова истражување повлекува и медицински и антрополошки импликации“, изјави Демент.

На крајот на 2014 година Демент дошол до информации од мештаните во регионот откривајќи чуден и голем костур, кој се наоѓа на околу 100 километри од градот на Куенка во државата Еквадор.

Демент отпатува на местото на настанот и открил ребра и череп на жени кои се појавиле поради поплавите во тоа подрачје. Истражувањето спроведено на коските покажува дека истите датираат од пред околу 600 години.

Понатамошното истражување, пак, покажало дека нивната скелетна висина била од 2,23 метри. Другите костури имале дури три метри висина.

Поради сензационалната природа на овие вести, мораме да бидеме истрајни во нашите истражувања бидејќи истото ќе биде исполнето со голема доза скептицизам, вели тој.

Демент изненаден од ова откритие одлучил да формира истражувачки тим кој вклучувал научници и експерти од Универзитетот Фрај во Германија.

Демент и неговиот тим добиле целосна поддршка од мештаните и засега одлично го спроведуваат ова истражување на таинствените коски.

„Додека работев со нив долги години, бев загрижен дека тие не би сакале да дадат целосна поддршка за истражувањето на овие џиновски костури“, вели тој.

Според зборовите на експертите, костурите немале никакви изобличувања, што значи дека тие „големи“ суштества биле релативно здрави.

Костурите не покажуваат знаци на болести, како што се хормонски проблеми на растот, кои се вообичаени во поголемиот број случаи во денешните гигантизми. На сите костури зглобовите им се здрави, а белодробните шуплини се чинат доста големи.

Еден од костурите бил на жена стара околу 60 години во моментите кога починала. Таа била многу постара од типичните случаи на гантизми, јавува „Куенка Хајглајф (Cuenca Highlife).

Демент веќе ги проучувал домородците од Амазон и можело да се слушнат легенди кои говорат за „мошне високи луѓе со бледа кожа кои живееле во регионот“. Старешините на домородците ги опишале како џинови, како „раса големи, мирни Амазинјани, кои биле пријатно дочекувани од страна на мештаните.

Оваа приказна која се врти низ социјалните мрежи е доста коментирана. Некои луѓе не веруваат во неа.

Кој верува, верува, а тие се затворен ум не ни сакаат да размислат за некои работи за кои потсвеста и науката одамна утврдила дека не постојат.

Scroll to Top