Емануел Макрон: Крајот на Европа се ближи

Францускиот претседател Емануел Макрон стравува дека неможноста на Германија да формира влада би можело да значи целосен колапс на Европската Унија.

Германија и остатокот од Европа се пред најголемата политичка криза која некогаш ја погодила Унијата. Ова се случува откако Ангела Меркел не успеа да постигне коалициски договор минатата недела.

Претставниците на ЕУ стравуваат дека ова ќе ги блокира сите шанси за реформи во блокот во клучниот момент, откако господин Макрон ги изнесе плановите за „Нова Европа“ со една единствена војска и еден избран претседател.

Но, политичкиот ривал на Макрон вели дека кризата би можела да даде можност  Франција конечно да се ослободи од германската контрола.

Јулиен Ауберт, политичар од десниот центар во Републиканската партија, изјави дека кризата во Германија би можела да ѝ овозможи на Франција да ја води Европа.

Тој во својата изјава за „Дојче веле“ даде на значење на француско-германскиот сојуз во средиштето на ЕУ:

„Во минатото имавме ирационална омраза кон Германците, сега имаме помала ирационална љубов. Нам нема да ни биде од корист ако им ги дадеме на Германците клучевите од камионот и се качиме на нивниот грб. Франција треба да престане да го прави тоа“, изјави Ауберт.

Но, членовите на партијата Ен марше, од каде потекнува францускиот претседател, тврделе дека несигурноста и стагнацијата би можеле да имаат различно влијание на ЕУ и да завршат со распад.

Чантал Лиеб, поборникот за политичко движење на господин Макрон, додаде дека стагнацијата во Европа би можела да значи дека Франција и Германија треба да тргнат по својот пат.

Таа објасни:

„Ако не се движиме напред, Германија ќе се фокусира на Русија и Кина и Француска на Средоземјето и тоа би било крај на Европа.

Реми Боргеот, водечкиот економист во земјата, додаде:

„Политичката неизвесност околу брегзит и кризата во Германија ќе направи сè за да се реформира еврозоната и ЕУ“.

Но, уште еден приврзаник на господин Макрон додаде дека сега Франција е водечка земја во Европа.

Тој изјави:

„Ако Ангела Меркел сака да тргне напред, таа ќе мора да го слуша Макрон“.

 

Scroll to Top