„FDA“ ја згасна најголемата органска фабрика за путер од кикирики во Америка

Во последните неколку години, органската храна стана доста сериозен приоритет за голем број на Американци, а сепак разочарување за големите сили на земјоделската индустрија, како на пример компанијата „Монсанто“.


Една од примарните неизговорени функции на FDA, е да го спречи овој вид на конкуренција со цел да не се загрозат вградените компании кои имаат посебни привилегии преку владините односи.
„Монсанто“ доминира во светот на пазарат за храна и има голем број на претставници именовани на високи места во владата каде што се пренесува главниот посебен интерес во Вашингтон, кога е во прашање прехранбрената индустрија.
Најочигледниот пример за ваквата тајна спогодба е Михаел Тејлор, кој во моментов работи во FDA, а всушност е поранешен потпретседател на Монсант0, пишуваат светските медиуми.
Ваквото затворање на фабриката за органски путер од кикирики е најновиот случај во кои FDA ги прогонува локалните фарми за органска храна. Според главните извештаи ваквото затварање на овие фабрики се поврзани со заразите кои се добиваат од ова масло од кикирики. Меѓутоа, дури и тоа да е вистина, затварањето од страна на FDA, им овозможува на другите агенции уште поголема моќ на пазарот за храна повеќе од кога било, велат експертите

.
Фабриката за путер од кикирики, дури и доброволно била исклучена по избивањето на овој проблем, со надеж дека повторно ќе стартува еден ден под строги услови и дека повеќе внимание ќе мора да посвети на овој проблем. И покрај овие напори за одмазда, нивната дозвола за работа е сеуште суспендирана.

„Associated Press“ пишува

„Законот за сигурност на храната и даде на FDA овластување да ја регистрира компанијата чија храна е произведена, или да ја држи под контрола, онаму каде што има „разумна веројатност“, дека може да дојде до сериозни здраствени проблеми или пак смрт. Пред законот за сигурност на храната да биде донесен на почетокот на минатата година, FDA мораше да оди на суд поради отстранување на регистрацијата на компанијата.
„Sunland“ планираше повторно да отвори свој погон за преработка на кикирики во вторникот, а портпаролката изјавила дека пред FDA да објави во понеделникот, од компанијата се надевале, дека до крајот на годината, повторно ќе произведуваат путер од кикирики. Портпаролката немала коментар за укинувањето на производството.
Компанијата сега има право на судење и агенцијата ќе мора да покаже дека нејзините објекти се доволно чисти за повторување на производството.
Мајкл Тејлор, FDA заменикот комесар за храна, посочува дека способноста на FDA да ја суспендира регистрацијата како што е оваа, е еден голем чекор напред за агенцијата.
Ова е дефинитивно потребно да се осигура нашата храна, но и владината агенција не е решение. Како резултат на јавната екскомуникација, оваа компанија е подготвена да ја реструктуира целата компанија, на свој трошок, но FDA целела на лесна мета, а искористила и шанса да оствари своја нова власт.

Scroll to Top