Гадафи: Ќе имате џихад на вашите граници!

Неодамна терористите на ИСИС објавија снимка на која е прикажано како на брегот на Либија им  ги сечат главите на заробените Копти, припадници на египетското христијанско малцинство, кои  ги заробиле на местото каде што работеле и ги погубиле. ИСИС  ликвидираше вкупно 21 египетски христијанин.

По прикажувањето на ова брутално и масовно погубување, египетскиот претседател, Абдел Фатах Ал-Сиси, вети дека ќе ги „казни убијците одговорни за ликвидација на египетските христијани“, а следното утро египетската војска ги изведе воздушните удари на положбите на исламистите во Либија.

Истовремено италијанскиот премиер Матео Рензи побара итно дејствување на меѓународната заедница и се закани дека Италија воено ќе дејствува во соседна Либија затоа што „не може да ја има Сомалија на неколку километри од својата јужна граница“.

Египетскиот претседател ветувањето го спроведе на дело за само неколку часа затоа што, судејќи според сè, ИСИС со овие масовни погубувања предизвика бес во Египет ист како со запалувањето на заробениот пилот во Јордан, а од друга страна, оние кои Либија ја турнаа во хаос со исламскиот екстремизам сакаа да ги искоренат исламистите со истите методи со кои и дојдоа на власт.

Имено, Италија со Франција и САД беше најголем поборник на соборување на покојниот либиски лидер Муамар Гадафи, а сега се „грижат поради земјите во хаос и тероризмот на својата јужна граница“.

Владата на Матеа Рензи најави и воена интервенција заобиколувајќи го парламентот, а министерот за надворешни работи и министерот за одбрана на Италија отворено говореа за интервенција во Либија.

„Италија е подготвена во Либија да води коалиција со европските и северноафриканските земји за да го спречи напредувањето на калифите, кои стигнаа на 350 километри од нашиот брег. Ако во Авганистан испративме 5000 луѓе, во земјите како Либија, која  во голема мера нè загрижува и каде опасноста за Италија е многу поголема, нашата мисија може да биде значајна и обврзувачка, дури и бројчано“, изјави италијанскиот министер за одбрана, додека министерот за надворешни работи додаде:

„Италија е подготвена за борба“.

Така, италијанската влада најави влез во војна заобиколувајќи го парламентот, а самостојно се прогласи за „прва земја од меѓународната коалиција во Либија“ сметајќи ги и земјите како Египет кои не губеа време во одговорот со џихадистите.

Италијанскиот премиер Матео Рензи, наводниот „левичар“ и „посткомунист“, се одлучи за воена интервенција заборавајќи како воопшто дојде до хаосот во Либија.

Италијанските и сите други влади кои учествувале во неговото соборување треба да се потсетат на предупредувањата на либискиот лидер Гадафи, кој во 2011 година ги предупреди Италија и Западот на можните последици на нивната политика и на надоаѓачкиот „џихад на Медитеранот“.

„Погледнете ја реалноста! Во Тунис и во Египет постојат политички вакуум и исламски екстремисти кои ќе загинат. Ќе имате џихад во ваша близина, на Медитеранот. Американската шеста флота ќе биде нападната и гусарите ќе завладеат со вашето море, овде, на 50 километри од вашите граници. Вие ќе се вратите во времето на Барбароса, гусарите кои бараа откуп за бродовите. Тоа ќе биде глобална криза, катастрофа што ќе се протега од Пакистан до Северна Африка. Не допуштајте го тоа. Луѓето се збунети со ова што се случува сега. Сакам да ви објаснам дека ситуацијата е сериозна на целиот Запад во еден дел од Медитеранот. Како е можно европските челници да не го разбираат тоа? Ризикот од тероризам се шири на глобално ниво, што е очигледно“, изјави либискиот лидер Муамар Гадафи во 2011 година во интервјуто за „Кориер дела сера“.

Пророштвото на убиениот лидер на Либиската Џамахирија се оствари, а токму Западот е одговорен за нејзиното уништување. Поранешните сојузници во соборувањето на Гадафи сега сакаат да се борат, а тоа го прават повторувајќи ги грешките кои ги правеа во изминатите четири години.

Исто така, италијанската влада сигурно нема да може да се носи со драматичните случувања кои НАТО ги создаде неколку милји од нивниот брег.

Аналитичарот Андреа Фаис во интервјуто за италијанските медиуми ги објаснува причините за силниот и растечки успех на ИСИЛ во Либија.

„Мислам дека нема да можеме да говориме за реалниот успех на ИСИС во Либија, ако ништо друго не во воена смисла. Но, целата терористичка мрежа на Ал-Багда во целост ги исполни сите овие големи ‘црни дупки’, кои настанаа четири години од граѓанската војна и дестабилизација. Сотонизирани и уништени од страна на Западот, можеби и во дел со појавата на протестите во арапскиот свет, секуларните системи на Бен Алиј, Гадафи, Мубарак и Асад се соочија со огромни потешкотии. Се бореа со голем број пробани фракции, така што само Сирија беше во состојба да го спречи напредувањето на џихадистите. Со финансика и логистичка поткрепа, Саудиска Арабија и Катар, многу од групите кои беа во групи кои ја сочунуваа галаксијата на политичкиот ислам, биле во можност да делуваат непречено од кој било подолго време.

Либија е земја во војна од март 2011 година, а хаосот кој настана од почетокот на операцијата на НАТО сојузот создаде идеални услови за локалната ‘економска војна’. Старите складишта со оружје останаа целосно без надзор, беа напуштени нафтените полиња, а опремата за логистика по поразот на терен беше оставена од страна на трупите на Гадафи. Стратешката позиција на Либија во срцето на јужниот Медитеран го направи останатото“, вели италијанскиот аналитичар Андреа Фаис.

Колкава одговорност од 2011 година има Западот во сето ова?

„Овде не е одговорен само Западот туку и Турција и Израел, на различни нивоа, но имаат значителна одговорност. Со исклучок на Германија, која меѓу европските земји беше најдистанцирана, САД, Велика Британија, Франција и Италија самоволно ја толкуваа, односно ја искривија резолуцијата на Советот за безбедност во ОН во зоната за забрана на летови и почнување војна. Иако сè уште постојат двојни гледишта за реалната присутност на коалициските постројки на терен. НАТО го бомбардираше бродоградилиштето, удираше неселективно на бројните цивилни и воени објекти, далеку од своите теренски возила и од горе, од воздушниот простор со својата авијација, што наводно требало да го прават за да го спречат полетувањето на либиските воени авиони“, додава Фаис.

Слична судбина треба да има и Сирија, но Русија и Кина со своето вето во ОН спречија уште поопасна воена мисија на НАТО сојузот. Но, во случајот со Сирија, Турција дозволи транзит на исламистички милитанти, а Анкара беше на работ на отворена војна со Сирија. Од друга страна, Израел неколкупати изврши воздушни напади на Дамаск. Без оглед на разните причини на геополитичкиот конфликт, војната на нерви која се водеше против Асад стануваше сè поапсурдна и понелогчна и со себе носеше само трагедија.

Сирија  стана проблем за Западот токму поради тоа што Басар Ал Асад секогаш беше бедем против тероризмот и исламскиот фундаметилизам. Па поради тоа не изненадува тоа што САД и НАТО сојузот се обидоа да го тргнат на сите начини. Со помош на Саудиска Арабија и Катар, Вашингтон го финансираше и создаде ИСИС. По катастрофата во Либија единствено решение беше заедничка, а никако еднострана акција, и тоа со одобрение на Обединетите народи. Се разбира, денес никој не се сеќава на пророштвата на Гадафи од март 2011 година, но, за среќа, меѓу постојатните членки во Советот за безбедност на Обединетите нации ја нема Италија, како ни многу други земји во НАТО сојузот, туку народите кои имаат појасна визија за иднината од Западот.

 

Scroll to Top