Хемотерапијата е убиствена, а ракот треба да го лекуваме на сосема поинаков начин

Доколку сè уште би постоеле инквизацијата, прогонот на херетици и палењето вештерки, денеска лекарите со револуционерни идеи сигурно би биле запалени.

Некои експерти веруваат дека големите дози хемотерапија може дури и да ги влошат работите затоа што го засилуваат механизмот на природна селекција кај клетките на ракот.

Контролирањето на ракот во мали дози преку хемотерапијата може да биде поефективен за разлика од обидите во целост да се искорени оваа болест, сметаат некои научници. Сегашниот начин на терапија често вклучува агресивен пристап, кој со силни дози хемотерапија се обидува да уништи што е можно повеќе клетки на ракот.

Но, целосното искоренувањето на ракот со помош на хемотерапијата се случува многу ретко, а заболените истовремено трпат негативни ефекти од хемотерапијата, како што се губењето коса, силните мачнини, штетата врз имунолошкиот ситем во организмот или, пак, анемија.

Покрај тоа, некои експерти веруваат дека големите дози хемотерапија може дури и да ја влошат работата. Со засилувањето на механизмот на природна селекција кај клетките на ракот и зголемениот раст на бројот на тие клетки кои се отпорни на лековите, враќањето на ракот може да биде смртоносен.

Новата идеја на експертите се заснова на концептот наместо да се обиде да ги уништи сите клетки на ракот, да допушти преживување на мал број малигни клетки кои не можат да ја издржат отпорноста на лековите.

Група американски научници, предводени од доктор Роберт Гатенби од Центарот за рак и истажувачкиот институт „Х. Ли Мофит“ од Тампа на Флорида, спровеле тестови на глувци, при што користеле хемотерапевтски лек paclitaxel за третирање два вида рак на дојката.

Стандардната хемотерапија на почетокот ги намалува туморите кај глувците, но набргу по престанувањето на терапијата, туморите повторно пораснале. Но, кога по иницијалните големи дози, додале помали дози, тие успеале да го контролираат растот на клетките на ракот.

Терапијата била толку ефикасна што по извесен период престанале да им даваат лекови на глувците, а состојбата им се влошила.

Како што напишал доктор Гатенби во научниот труд објавен во списанието „Научна медицина“, резултатите покажале дека таквата терапевтска стратегија може клинички да се примени и да резултира со преживување на клетките, без понатамошно напредување на ракот на дојката.

Секако, треба да се има на ум дека патот до крајот на ова истражување спроведено на глувци е долг.

 

 

Scroll to Top