ИСТОРИСКА ОДЛУКА: Ирска е првата земја која ќе престане со инвестиции во фосилни горива

Парламентот го поддржа законот со кој се укинува вложувањето во јаглен, нафта и плин. Ирска е првата земја која во целост ќе престане да вложува во јаглен и фосилни горива, јавуваат британските медиуми.

Ирскиот парламент со гласови 90 за и 53 контра овој историски предлог на закон, ги укина инвестициите во јаглен, нафта и плин, кои досега ги овозможуваше Ирскиот стратешки фонд за инвестиции, кои беа дел од Републичката агенција за управување со трезор.

Томас Прингл, застапникот кој го предложи овој закон, изјави дека тоа е порака на „глобалните корпорации дека нивната постојана манипулација на наука за климата, негирање на постоењето на климатските промени и нивната контроверзна пракса на лобирање кај политичарите ширум светот, повеќе нема да се толерира“.

Теретот на климатсите промени

„Не можеме да ги прифатиме нивните постапки, додека милиони сиромашни луѓе во неразвиените држави носат терет на климатските промени, трпејќи глад, масовно иселување, и цивилни немири како последици“, изјави тој.

Предлог законот веројатно ќе биде усвоен во наредните месеци откако ќе се разгледа од Министерството за финансии, пишува Индипендент.

 

Scroll to Top