Ким Јонг Ун: Ќе ги бомбардираме со нуклеарка само САД и ниту една друга земја

Пјонгјанг не очекува дека било која друга држава, освен САД, ќе покренат нуклеарен напад, на што Северна Корјеа ќе изврши контранапад, само против Вашингтон, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

„Веруваме дека само САД и ниту една друга земја, нема да покренат нуклеарен напад против нас. Нашиот нуклеарен одговор ќе биде на мета само кон САД, но не и некоја трета земја“, изјавија официјалните лица од Министерството.

Пјонгјанг нема никаква намера да разговара со Вашингтон за својата нуклеарна програма.

„Ова е прашање на живот и смрт за нас. Моменталната ситуација е само продлабочување на нашите разбирања да мораме да поседуваме нуклеарно оружје за да спречиме потенцијален напад“, велат од Министерството.

Од таму се додава дека САД мора да се помират со нуклеарниот статус на Северна Кореја, пренесува Ројтерс, а дека на огнот ќе одговорат со оган“, вели Чое.

Scroll to Top