Компјутерски програмер тврди дека кон крајот на месецот Исус ќе се врати да ја уништи планетата

Теоретичарка на заговори тврди дека кон крајот на овој месец Исус ќе се врати на Земјата за да ги одведе своите луѓе на небото оставајќи ја планетата стерилна во траење од 1.000 години. Нора Рот, која е компјутерски програмер, вели дека извела сложени пресметки од кои произлегува дека апокалипсата ќе се случи кон крајот на 2017 година. Во тој миг ќе биде донесена вечна праведност, а Земјата ќе биде оставена да мирува еден милениум.

Г-ѓа Рот пишува: „Есента 2017 на шесте илјади години грев на Земјата ќе им дојде крајот, ќе биде донесена вечна правдина и Исус ќе дојде да го поведе својот народ на небото. Тогаш ќе почне илјадагодишниот мир на Земјата“.

Пресметките на Рот се засновани врз извадок од Книгата на пророкот Даниил, која ја раскажува приказната за присилното преселување на еврејскиот народ во Вавилон, во која се зборува за седумте времиња на грев. Рот верува дека се работи за фиксен временски период. Неделата има седум дена, се работи шест дена, а седмиот се одмора, а тоа се протега и на севкупното човеково постоење на Земјата, кое, според Библијата, изнесува 6.000 години.

Scroll to Top