Лавров: Токио и Сеул ќе бидат првите жртви во војната на Корејскиот Полуостров

Јапонија и Јужна Кореја, земјите што САД се обидуваат да ги вклучат во провокациите со Северна Кореја, ќе станат првите жртви ако избие конфликт во регионот, предупреди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Додека го осудуваме Пјонгјанг за авантуризмот со нуклеарните проектили, не можеме да не го осудиме провокативното однесување на нашите американски колеги“, изјави Лавров за белоруската телевизија СТВ.

„За жал, тие се обидуваат да ги повлечат и Јапонија и Јужна Кореја во иста насока, кои ќе станат првите жртви во случај на војна на Корејскиот Полуостров“.

Лавров се пожалил и на тоа дека, додека Москва разговарала со Пјонгјанг, Вашингтон уште еднаш во низата воени вежби во близина на севернокорејската граница практично специјално го провоцирала Ким Ѓонг-ун, а целта им била корејскиот лидер да го изгуби трпението на нивните провокации“.

Претходно телевизијата на Северна Кореја покажа видеоснимка од лансирање од најновата балистичка ракета Hwasong 15. Пјонгјанг нагласи дека речиси целото подрачје на Соединетите Aмерикански Држави сега е на дострел на севернокорејските ракети.

Според мислењето на аналитичарката на National Interest, Даниела ди Петриса, во случај на нуклеарен напад извршен од страна на Северна Кореја, речиси милион луѓе би биле убиени во Вашингтон, пренесува „Раша тудеј“.

 

 

Scroll to Top