Марлон Брандо: Американците ги крадат туѓата сопственост и живот, додека другите ги бранат своите земји и слободата

Марлон Брандо (1924-2004) беше актерска легенда и добитник на два „Оскара“, од кои едниот го има одбиено.

Филмовите „Трамвај наречен копнеж“, „На доковите на Њујорк“, „Кум“ и „Последното танго во Париз“ се некои од неговите најзначајни остварувања.

Вонсерискиот талент, доследен на своите принципи, остави неизбришлива трага во историјата на светската кинематографија.

Човекот кого го обожаваа голем број жени во светот одби да ја прими најпрестижната награда што еден актер може да ја добие. Тој го одби „Оскарот“. Не се појави на доделувањето на наградите. Наместо него, се појави Индијанка од племето Апачи.

Излезе на сцената и изјави: „Вечерва го претставувам Марлон Брандо и ми рече да ви порачам дека длабоко жали поради тоа што не може да ја прими наградата. Неговите причини се однесуваат на лошиот третман што Американците го имаат денеска кон Индијанците. Го имам неговото писмо, но не можам да го прочитам целото поради краткото време. Тоа ќе го направам подоцна на конференцијата за новинари“.

Следниот ден „Њујорк тајмс“ го пренесе неговото писмо во целост. Ова е само дел:

„Двесте години им говоревме на Индијанците да се борат за својата земја, живот, семејство и право на слобода. Им говоревме: Спуштете го своето оружје и ќе останеме заедно. Само ако го спуштите, можеме да говориме за мир и договор кој е добар за вас. Потоа незаконски ги прогонувавме, ги претворивме во просјаци на континентот што им дал живот, ги убивавме, им ја крадевме земјата и според сите историски интерпретации, ништо добро не сторивме за нив.

Доволно е тешко што децата на Индијанците растат во ваков свет. Кога индијанските деца гледаат телевизија и филмови, кога ќе видат како нивната раса се прикажува на филмовите, нивните умови остануваат повредени на начини што ние не можеме ни да ги замислиме.

Можеби во овој момент си велите: Па каква врска има тоа со доделувањето на ‘Оскарите’? Зошто оваа жена е овде, ни ја уништува вечерта со работи што не се однесуваат на нас и кои не се наша грижа? Ги бара нашето време и пари и ни упаѓа во домовите.

Се чини дека принципот на почитување и љубов кон соседите стана дисфункционален во оваа земја и дека сѐ што имаат направено Американците го постигнале со нивната моќ и убивање на надежта. Тоа го имаат направено и на европска почва во новонастанатите држави, без оглед дали станува збор за пријателски или непријателски. Тоа е нехумано и докажува дека не живеат според договорите што ги имаат склопено“.

Марлон Брандо со овој потег се обиде да го сврти вниманието на проблемите на Индијанците во Америка, но, за жал, не наиде на доволна поддршка. Ова беше единствен пример во Америка на жртвување на суетата за достигнување повисоки цели и вредности.

Гледајте го видеото:

Scroll to Top