Милјардер платил да го убијат за да му го зачуваат мозокот

Американски милјардер Сем Алтман платил 10.000 долари за да го убијат и да го сочуваат неговиот мозок засекогаш. Бизнисменот е еден е од 25 луѓе на листата на чекање на стартапот „Нетком“, кој тврди дека можат да ја аплоудираат содржината на мозокот на секој човек и да ја задржат на компјутер.

Алтман, кој е директор на компанијата Y Combinator, со постапката сака да стане бесмртен.

Со овој процес ќе се балсамира неговиот мозокот за подоцна да може да се стимулира на компјутер. Клиентот мора да биде жив кога ќе се приклучи на апаратот кој ќе му ги вбризга балсамирачките хемикалии. Компанијата тврди дека методот е 100 отсто смртоносен, а искуството на корисникот ќе биде идентично како и кај еутанизираните самоубиства во болница.

На службената страница на компанијата пишува дека нивната мисија е да го сочуваат мозокот толку добро што сите спомени ќе останат недопрени: од поглавјето на омилената книга, до чувството на студ во зима, до вечера со семејството или пријателите. Тие веруваат дека кон крајот на овој век ќе биде изводливо да се дигитализираат овие информации и да се искористат за реконструкција на свеста со што нудат бесмртност на човечкиот мозок.

Балсамирањето може да го одржи телото без да се распадне стотици, потенцијално илјади години, но за да функционира таквата постапка, мозокот мора да биде свеж. Од компанијата ги повикуваат клиентите да се запишат на листата за чекање, со аванс од 10.000 долари, кои ќе им бидат во вратени во целост ако клиентот се предомисли.  „Нетком“ е сериозна компанија која досега собрала значајна финансиска помош за равој на своите технологии. Милион долари добиле и од Y Combinator, а 960.000 долари добиле од Националниот институт за ментално здравје.

Scroll to Top