Мистериозните сибирски дупки може да ослободат голема количина гас

Мистериозната голема дупка во вечниот леден Сибир го означува крајот на светот онаков каков што луѓето го замислуваат.

Експертите сметаат дека отворањето на сибирскиот кратер е еден од првите видливи знаци на забрзаното топење на пермафростот во кој се се наоѓаат огромни колични стакленички гасови, како јаглероден диоксид и метан.

Околу 24 отсто од копнените подрачја на северната хемисфера се покриени со вечен лед, а според процените на научниците, во пермафростот се заробени речиси 17.000 гигатони јаглероден диоксид.

Самото топење на сибирските краеви би можело да ослободи околу 1.000 гигатони од тој гас кој завршува во атмосферата, што на крајот може да резултира со подигнување на температурата во атмосферата.

„Последен пат пермафростот се стопил пред 130.000 години. Тоа е природна појава која настанува поради промената на Земјината орбита“, објаснува професорот на „Оксворд“, Гидеон Хендерсон. Студијата што тој ја претстави во 2013 година на конгресот на Геолошкото друштво во Лондон покажа дека температурата е зголемена 1,5 степен повеќе од онаа во прединдустрискиот период и би можела да биде доволно за да се иницира големо топење на пермафростот.

Просечната температура денеска во светот е речиси еден степен повисока за разлика од прединдустриската, а се проценува дека критичната точка од 1,5 степен би можела да досегне во наредните десет-триесет години, пишуваат светските медиуми.

Првиот кратер на полуостровот Јамеро од осумдесет метри се појави во 2014 година, а другиот е пронајден неколку стотина километри подолу со пречник од петнаесет метри. Подоцна се појавија цела низа дупки, но и повеќе од 7.000 меури под земјата кои укажуваат дека во нив се собрани гасови настанати од топењето на леденото дно, што значи дека на тие места би можеле да настанат нови дупки.

Британскиот геолог Крис Фогвил смета дека големите дупки се феномен познат како пинго, круг во кој се насобрани парчиња лед кои на крајот може да предизвикаат оформување на пермафростот во облик на кратер, сличен на вулканските.

Формацијата на дупката во Сибир не претставува сериозна опасност само за климата, туку и за локалните жители. Тие може да ги дестабилизираат железничките пруги, зградите, па дури и цели населби.

Scroll to Top