Мрачната тајна на прехрамбената индустрија

Земјата од каде што потекнува декларацијата на секој производ има многу мало значење затоа што состојките често стигнуваат и од прекуокеанските земји. Една обична смрзната пица може да пропатува дури низ 60 држави. Без конзерванси? Тоа не може да се знае затоа што на декларацијата се наведува само она што е користено во последниот чекор на производството.

„Иако изгледа дека сѐ е природно, речиси непресечената салата со часови се држи во ледена вода, со хлор, за да се спречи развојот на бактерии.

А често е прскана со лимон и тартарна киселина за листовите да не можат да се кинат толку лесно и да не изгледаат постаро“, го започнува своето излагањето Џоан Блутман, британската новинарка која изминатите 25 години ја истражува прехранбената индустрија и ги открива нејзините тајни. Но, кога се во прашање готовите оброци, работата е многу полоша.

Храната пропатувала низ целиот свет

Целиот успех на готовата храна е во тоа секогаш да изгледа исто и секогаш да има ист вкус. А тоа е можно само ако хемиски се обработува до непрепознатливост. Произведувачите на храна затоа не ги подготвуваат суровите производи од градината, туку ги купуваат веќе готови, смрзнати или како сушена храна.

Освен тоа, на тој начин ја избегнуваат обврската да ги напишат сите оние хемикалии што во тој процес ги користат, како, на пример, наводите на декларацијата на своите пици, шпагетите болоњезе или друг тип подготвен оброк. Така, тие производи често патуваат со месеци низ разни континенти, истакнува Блутман.

Како и кај секоја индустрија, производството на готова храна се развива во етапи, а кооперантите по правило се најевтини понудувачи.

„Традиционалната британска турли-тава се состои од телешко од Нов Зеланд, израелски морков, аргентинско говедско месо и компири од Мајорка од Балеарските Острови“, наведува Блутман. Кога ја истражувале пицата на која е напишано дека потекнува од Ирска, трагата откри дека таа всушност се прави во повеќе од 60 земји каде што продуктите се одгледани или се подготвуваат.

Не би ги ни препознале производите

Јајцата кога се произведуваат се доставуваат во разни облици, освен во оној во кој ние ги познаваме како такви. Доаѓаат во прав, со дополнителен шеќер, како и производи од албумен (белковини и белки), смрзнати, кристализирани… Но секогаш постои поевтина варијанта на супститути кои се направени од протеини, а многу од нив се состојат и до 18 месеци. Во најдобар случај произведувачите купуваат цилиндри тврдо готвени во средишниот дел на јајцата за секое парче да биде еднакво. Тоа е идеално за сендвичите или готовите ролни.

Слично е и со путерот. За јадењата се користи значително поевтин бледожолт прав, кој настанува со прскање и сушење на мешавините на масло, млечните производи и скробот, објаснува Блутман.

Анонимноста им е како штит

Дури и кога компанијата што го продава јадењето го огласува, кооперантите по правило ги прикриваат. Тоа често се погони во кои се работи без престан, а ако настане некаков проблем, над стотина тони оброк може да заврши како расипан.

„Откако „Теско“ беше предупреден дека пратката со ориз била застарена, морало да повлечат осум типови јадења“, објаснува Блутман и додава дека еден погон за подготовка на храна во текот на еден ден произведува и 250.000 порции.

Нема декларација, нема правила

Ниту со подготовката на храна ситуацијата не била подобра. Според ЕУ-прописите, сѐ што е спакувано мора да го има на листата на состојките, адитивите и хемикалиите, производите што се подготвени на лице самото место не мора. Но никаде не пишува дека, на пример, кроасанот кој со недели е замрзнат и преполн со адитиви не смее да се продава како свежо испечен.

Scroll to Top