На имигрантите ќе им се кратат бенефициите

Сојузниот канцелар на Австрија, Себастијан Курц, стана првиот европски лидер кој ќе ги скрати правата на илегалните имигранти.

Конзервативната народна партија (ÖVP) и крајно десната Слободарска партија (FPÖ) ќе спроведат низа тешки правила за лицата кои доаѓаат во оваа земја под сомнителни околности.

На имигрантите на влезот во земјата ќе им бидат одземени мобилните телефони, а граничните службеници ќе им ги скенираат мобилните податоци со цел да се утврди вистинскиот идентитет на мигрантите.

Парите исто така ќе им бидат одземени, а ќе се употребат во рамките на програмата за грижа на имигрантите кои доаѓаат во земјата, известува „Express.co.uk“.

Промените се наведени во документот од 180 страници изработен од партиите (ÖVP) и (FPÖ).

Странската коалиција ветила дека ќе направи сè во борбата против проблемите во врска со миграцијата, но нагласила: „Никој повеќе не треба да се плаши“.

Што се однесува до овие промени во законот, 31-годишниот нов канцелар Себастијан Курц изјавил:

„Државата повеќе нема да плати илјадници евра социјална помош на имигрантите кои никогаш не работеле во оваа земја ниту еден ден или уплатиле што било во државниот буџет“.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против новата влада во тек на полагањето заклетва на церемонијата во главниот град на Австрија.

Полицијата соопштила дека 6000 луѓе се собрале на плоштадот Херој, каде што извикувале „бегалците се добредојдени“ и „не сакаме нацистички свињи“.

Во текот на свеченоста на заклетвата на австрискиот претседател Александар Ван дер Белен беше изјавено:

„Работата со најслабите покажува кои се нашите реални вредности“.

Младиот шеф на државата веќе ја отфрли мигрантската квота што ја пропиша ЕУ и им се приклучи на Унгарија и Полска во непочитување на тој наметнат план.

Scroll to Top