Најголемиот американски трговски синџир „Валмарт“ обвинет за финансирање на севернокорејската нуклеарна програма

Американската компанија „Валмарт“ е обвинета дека продавала морски плодови и лосос преработени во една кинеска компанија, која вработила Севернокорејци, а сега им забранува на своите доставувачи да ги дистрбуираат своите производи.

Во истражувањето објавено во средата американската новинска агенција „Асошиетед прес“ (АП) наведува дека американските потрошувачи индиректно ја финансирале севернокорејската нуклеарна програма купувајќи морски плодови и риба во „Валмарт“ и во германските дуќани „Алди“. Агенцијата откри и дека Севернокорејците работеле во компании за преработка на морски плодови во Хунчин, кинески град во близина на севернокорејската и руска граница. Голем дел од нивните плати (70 отсто) завршувал во Пјонгјанг.

„Ние ги испитувавме и истражувавме и за тоа место доделивме и црвен картон поради одбивање соработка за нашето испитување, што значи дека доставувачите повеќе нема да може да ги набавуваат производите што се продаваат во Валмарт“, изјави во четвртокот Марил Мкинис, портпаролката на компанијата.

Таа информација стигнува додека Вашингтон се обидува да го прекине изворот на финансирање на Пјонгјанг и неговата програма за развој на нуклеарно и балистичко оружје.

Американското Министерство за финансии одреди до крајот на септември нови санкции за осум севернокорејски банки и 26 севернокорејски државјани кои се желни да ја финансираат севернокорејската програма.

На американските и сите компании на американскиот пазар не им е дозволена соработка со севернокорејските колеги, ни со компаниите поврзани со Пјонгјанг.

Според американското истражување, германските дуќани „Алди“ продаваат стока од брендот „Морска кралица“, произведени во компаниите во Хунчин.

Речиси 100 контејнери со стока (ракови и лососи) се преработени во компаниите во Хунчин сѐ до почетокот на оваа година кога стигнаа во САД и Канада, пишува АП.

 

 

 

Scroll to Top