НАСА организирала тајна мисија на Марс уште во далечната 1973 година

Кога ќе ја погледнете оваа снимка од слетувањето на Марс во 1973 година можете само да замислите што може НАСА да направи со денешната компјутерска технологија.

Некои теоретичари на заговор веруваат дека на Марс веќе престојуваат луѓе и дека на крајот на 60-тите години или почетокот на 70-тите од минатиот век постоела тајна вселенска програма преку која луѓето го посетувале Марс.

Сега се појави наводна снимка за која некои тврдат дека потекнува од НАСА. На оваа интересна и донекаде мистериозна снимка може да се види дека луѓето успеале да изведат мисија на Марс уште во 1973 година.

Видеоснимката, која е ставена на сервисот на Јутјуб, не е баш најјасна, но почнува со реченицата „Не е за јавна дистрибуција“.

Теоретичарите на заговор веруваат дека тајната вселенска програма по името „Проектот на Ред Сан“ се крие од јавноста од засега нејасни причини и дека НАСА и властите се во таен контакт со вонземјани.

Некои од теоретичарите веруваат дека вселенското возило „Кјурисити“ е огромна измама укажувајќи на тоа дека соларниот панел секогаш сјае, што  претставува доказ дека го одржуваат луѓето кои веќе се наоѓаат на Марс.

Нигел Ватсон изјави дека постојат докази за овие тајни вселенски мисии на НАСА.

„Се сеќавам дека во ноември, 2005 година анонимен контакт од Одбранбената известувачка агенција SAD (DIA) информираше за чудна програма за размена со вонземјани по името „SERPA“.

Тој тврдел дека дури шест вонземјани се пронајдени во моментите на несреќата во Рузвелт.

Исто така, наведено е  дека еден од преживеаните вонземјани, по името EBE 1, помогнал да се организира мисијата 12 за обука на луѓе кои подоцна ќе ја посетат неговата планета „SERPA“ во соларниот систем Зета ретикули.

Оваа мисија се случила во 1965 година, а луѓето на таа планета останале до 1978 година.

Двајца од нив умреле на планетата, а двајца останале, додека преостанатите се вратиле на Земјата и починале поради високото ниво на зрачење на кое биле изложени на планетата“, наведе Ватсон.

Шокантна снимка што ги покажува манипулациите на вселенската агенција

Scroll to Top