Нашиот мозок физички е нагоден да им помага на другите

Во последните неколку години научниците ги проучувале постапките на правењето добри дела и нивниот ефект што го имаат врз човечкото тело. Во многуте истражувања заклучено е дека алтруизмот, желбата несебично да им помагаме на другите, влијае и на нашето здравје, па дури и на должината на животот.

Човечката природа е тема на голем број филозофски расправи, кои веќе илјадници години со помош на модерната технологија и наука, конечно, почнуваат да ги отклучуваат ваквите мистерии. Во раните фази од студиите научниците успеале да заклучат еден факт: нашиот мозок е физички нагоден да им помага на другите.

Со скенирањето на мозокот може лесно да забележиме дека размислувањето за туѓите проблеми ги активира истите делови на мозокот што се активираат и кога размислуваме само за себе, а сочувството ги активира деловите одговорни за чувство на задоволство.

Науката сугерира дека старата изрека: „Подобро да даваме отколку да примаме“ буквално е вистина, а тоа го тврди и Џефри Школск, еволуциски биолог на Вестмоунт колеџот на Калифорнија.

„Тоа не е само морално клише“.

Доброто со добро се враќа – буквално

Во секојдневниот живот безброј луѓе избираат да се одречат од своето слободно време за да им помогнат на другите, било да се работи за помагање на старите, спасување напуштени животни, човечки животи или помагање некој да реши одреден проблем. Секој ден сведочиме за некое добро дело.

Но, што е тоа во нас што нѐ тера несебично да им помагаме на другите, да правиме херојски потфати за да спасиме нечиј живот не размислувајќи за својот?

Истражувањата покажуваат дека нашето дејствување во име на другите луѓе помага и самите да се чувствуваме подобро. Но, тука приказната не завршува. Ваквото однесување влијае и на нас самите физички, а сѐ поголем е бројот на научници што веруваат дека правењето добри дела позитивно влијае на нашето здравје, додека некои други студии, дури и заклучуваат дека алтруизмот ни помага да живееме подолго.

Поврзаноста на алтруизмот и стресот е откриен сосема случајно во 1956 година кога тим од истражувачи од Универзитетот „Корнел“ спровеле истражување на 427 жени со деца. Тие очекувале жените со повеќе деца да бидат под поголем стрес и тоа поради тоа што имаат пократок животен век. Изненадувачки, истражувачите откриле дека бројот на деца, образование, класа и работен статус не влијаеле на долговечноста. Во истата судија, која траела 30 години, сосема случајно е откриено дека 52 отсто од жените што никогаш не волонтирале на крајот заболеле од некоја тешка болест. Сосема случајно е откриено дека 52 отсто од жените што никогаш не волонтирале на крајот заболеле од некоја тешка болест за разлика од жените што редовно волонтирале.

Ова откритие ги заинтригирало научниците, па откако спровеле уште неколку студии, во една од нив било заклучено дека редовното правење добри дела го намалува ризикот од прерана смрт 44 отсто, што е подобар ефект од редовното вежбање. Другата студија спроведена во 1990 година ги испитала личните есеи на чесните сестри од периодот во 30-тите години. Истражувачите откриле дека чесните сестри кои искажале најмногу позитивни емоции живееле во просек 10 години подолго од оние што изразиле помалку такви емоции.

Многу од студиите покажале дека алтруизмот значително го намалува нивото на стресот, главната причина за повеќето болести, а со самото тоа значително ја менува нашата физиологија. Кај испитаните субјекти, кои го гледале видеото на кое било прикажано правењето добри дела, забележани се привремено скокови на нивото на хемикалии што го засилуваат имунитетот. Кај жената што соседите ја сметале за добра личност затоа што сакала да им помага на другите е пронајдено зголемено ниво на окситоцин – хормон за поврзување, кој ни помага да се чувствуваме добро.

Поврзаноста на окситоцинот и добрите дела го потврди и спроведената неодамнешна студија. „Окситоцинот е одговор за стресот. Кога личноста што е алтруистична и кога ќе допре до луѓето во позитивна смисла, им помага во неволја, нивото на окситоцин оди нагоре, што значи дека стресот оди долу“, заклучил Грегори Л. Фрицхионе, професор на психијатрија на „Харвард“.

Многуте студии спроведени во разни временски периоди и држави заклучиле една заедничка работа:

„Алтруистичните емоции – дрогата на помагачите – создава физиолошка реакција во телото, така што го зголемува нивото на хормонот окситоцин поради што се чувствуваме добро, а го намалува нивото на стрес и го подобрува имунитетот (поголемо ниво на заштитни антитела). Алтруизмот во нас предизвикува хемиска реакција слична на онаа што се предизвикува и при изразување вистинска љубов.

Scroll to Top