Научниците предупредуваат: Втори август е важен датум за човештвото

Човештвото од втори август ќе почне да живее на кредит, со оглед на тоа дека до овој ден ќе ги потрошиме залихите за вода, земјиште и чист воздух за оваа година.

До овој ден ќе искористим повеќе од природата отколку што таа може да обнови за цела една година. За само седум месеци емитувана е поголема количина гасови, океаните се загадени и шумите исто така, повеќе отколку што можат да поднесат за една година. Уловени се премногу риби од океаните, исечени се многу дрва и конзумирано е повеќе вода отколку што Земјата може да произведе.

Оваа година датумот за исцрпување дошол порано од било кога. Изминатите години обично ова се случува од октомври па натаму.

Scroll to Top