Необичен метеоролошки феномен на небото во Невада

Ништо како необични метеоролошки феномени не може да создаде хистерија на интернет.

Во петокот на небото над Невада се појавил необичен облак, поради што на социјалните мрежи почнаа да кружат најразлични шпекулации, а секако дека беа присутни и приказните за вонземјани.

Необичниот облак во вид на мустаќи го забележала Кристи Грајмс, а фотографијата е објавена на Twitter страницата на Националната метеоролошка служба.

И покрај тоа што од метеоролошката служба објасниле дека станува збор за редок феномен кој се создава на небото, сепак постоеле и оние кои верувале дека оваа појава е поврзана со вонземјани, додека други пак, пронашле поинаков начин да се пошегуваат.

Scroll to Top