Нов ураган се заканува на западниот брег на САД – Њујорк би можел да биде уништен од источната бура

Ураганот Норма е речиси неподвижен, но  во текот на денот би требало лесно да се придвижи кон север. Норма би можела неделава да го погоди јужниот дел на Калифорнија кога се очекува повторно да изгуби дел од својата моќ.

Предупредувањето за тропската бура е објавено во саботата, особено за жителите на југозападниот американски полуостров Баја Калифорнија. Предупредување беше дадено и за засилувањето на ураганот Норма, кој се движи низ Тихиот Океан, објави Државниот центар за урагани.

Норма, бура од прва категорија, се нашла на 435 километри од Сан Лукас, јужниот врв од полуостровот поделен меѓу Соединетите Американски Држави и Мексико, со сила на ветерот од 120 километри на час.

„Норма е речиси неподвижна, но  во текот на денот би требало да почне засилено да се движи кон север и ќе продолжи во тој правец сѐ до недела“, нагласија од Центарот за урагани и дополнија дека очекуваат Норма да се засили во наредните неколку дена.

Според нивните прогнози, Норма би можел да погоди дел од Калифорнија. Американските власти издадоа предупредување за тропската бура, но  издадоа предупредување и за населението на истокот на државата каде што се заканува и ураганот Хозе.

Бурата од прва категорија, Хозе, во саботата се најде на 830 километри југоисточно од Бермудите, со брзина од 130 километри на час.

Се очекува в сабота да се придвижи кон север каде што ќе загуби дел од брзината и моќноста.

Се поставува прашањето што е со ураганот Хозе, кој е посилен од ураганот Норма, а чиј пат би можел да помине и среде Њујорк?

Наскоро ќе дознаеме (линк на сателитскиот приказ)

Видете ја анализата:

Scroll to Top