Откриен екстракт 10 пати поефикасен во битката со ракот од хемотерапијата

Истражувачи од Националниот универзитет во Сингапур (NUS) неодамна го откриле „артемисин“ – лек против болеста маларија, кој при ефективното лекување против ракот треба да се користи во комбинација со аминолевулинска киселина (ALA).

Имено, тие откриле дека својствата на „артемисинот“ ги убиваат клетките на ракот при изложеност на светло (артемисинот се добива од слаткиот пелин, растение што расте како плевел, особено во опустошените места во Азија, чие население масовно умирало од маларија).

Истражувачите дошле до тој заклучок по спроведените студии што се темелат на нивните претходни трудови. Во раните истражувања забележале дека ефектот на убивање на паразитот со помош на „артемисинот“ е поттикант со помош на железото во телото.

Железото служи како непротеинска компонента врз биолошките молекули, како што е хемоглобинот, кој се храни со паразити што предизвикуваат маларија, а истовремено ги напаѓаат црвените крвни клетки.

Железото стимулира артемисин, кој веднаш започнува со акцијата и ги напаѓа протеините неопходни за опстанок на паразитот, а истовремено ги елиминира паразитите во тој процес.

Најновите напори на истражувачкиот тим открија дека клетките на ракот содржат повисоко ниво на железо.

Силата на артемисиниот дополнително се зголемува во комбинација со аминолевулинската киселина (ALA), која истражувачите ја користат за да го засилат нивото на железото внатре во клетките на ракот. Со зголемување на способноста на артемисинот, комбинацијата на АLA и „артемисин“ има минимално влијание врз канцерогените клетки.

„’Артемисинот’ и АLA се веќе постојни лекови кои добро го поднесуваат човечкото тело. Како такво овој ветувачки третман би рекла дека може да има мали нуспојави“, изјави коавторот на студијата, доктор Јиганг Ванг.

Професорот Хам-Минг Шен, друг автор на студијата, додаде:

„Кога подобро го разбравме дејствувањето на артемисинот против ракот на дебелото црево, ова соединение го тестиравме со комбинирано лекување на еден друг вид рак, како што е ракот на црниот дроб.

Кратка историја на артемисинот

Артемисинот или билното соединение е изведено од билката Artemisia annua, вообичаено позната како сладок пелин или годишен див пелин. Оваа издржлива билка е по потекло од некои подрачја во Азија, каде што обично се користи во кинеската билна медицина за лекување треска. Самиот „артемисин“ првпат бил откриен во 1970 година од страна на кинескиот научник Ту Јоујоу.

86-годишната старица, која е добитничка на Нобелова награда за физиологија и медицина во 2015 година, наишла на артемисинот недолго откако првпат добила задача од Мао Ѕедунг да пронајде лек против маларија. Во 1969 година тогашната 39-годишна научничка станала дел од тајниот истражувачки медицински тим познат под името „Проект 523“. Единицата е формирана во 1967 година од страна на Мао Ѕедунг како одговор на ширењето маларија во џунглата во југозападна Кина.

Заедно со остатокот од единицата, Ту е испратена на погодениот со маларија тропски остров Хаинан. Таа лично била сведок на ефектите на болестите врз човечкото тело наведувајќи:

„Видов многу деца што беа во последната фаза на маларија. Тие умреа многу бргу“.

За време на враќањето во Пекинг, Ту добила идеја да ја користи кинеската билка за да ја победи таа болест. Тимот научници ги проучил древните кинески медицински текстови во потрага по лекови и народна медицина за  научниците да може да ја идентифицираат билката што се користи против болести со карактеристики на маларија.

Тогаш дошле до слаткиот пелин – познат во Кина како qinghao од стотини години стариот текст „Прирачник за клиничка пракса и итни лекови“ од Ге Хонг, кинески лекар и алхемичар од 4 век.

По многу испитувања, тимот истакнал дека слаткиот пелин се покажал исклучително ефикасен во убивањето на паразитите што предизвикуваат маларија. Ова соединение ќе стане познато како артемисинин, кое до тогаш било тестирано на заразени глувци. Храбрата Ту тогаш одлучила да го тестира соединението на себе.

„Како шеф на оваа истражувачка група имав одговорност“, објасни Ту.

Кога третманот се покажал ефикасен и сигурен за луѓето, артемисинот станал важна алатка во спречувањето на маларијата и помогнал да се спасат милиони животи по неговото откритие.

 

Scroll to Top