Пекинг и Москва се за Нов Светски Поредок!

На патот кон самитот G-20 кинескиот претседател малку запре во Москва. Путин таа посета ја смета за голем пресврт во односите.

Не е тајна дека Кина и Русија во последните неколку години значително го зацврстија своето сојузништво и дека полека стануваат сила која би можела да завладее со голем дел од евроазиската континентална маса.

Веќе отворено се збори за односите кои во досегашната историја, никогаш не биле подобри, а се повеќе оди во прилог на двете земји на меѓународен план, излезот на заедничкото стојалиште, кое, се разбира, оди контра американското.

Двајцата лидери, Владимир Путин и Хи Јинпинг меѓусебно си дадоа комплименти на доделувањето на државните одликувања, а само во текот на оваа година се сретнаа дури три пати.

Новата семејна нација

Се отиде толку далеку што претседателите на Русија и Кина говорат за новиот светски поредок. Предводник на целата таа приказна е Хи Јинпинг, кој неодамна изрази надеж дека ќе се „создаде големо семејство на нации во кое ќе владее хармонична коегзистенција“, и додаде дека сите земји кои сакаат да се приклучат се добредојдени.

Така кинеската трговска иницијатива „Еден појас, еден пат“, собра речиси 70 земји во кои се остварува 40% од светскиот БДП.

Кина со тоа сака да контрира на организациите како G20, а Пекинг во остварувањето на својот сон за новиот светски поредок вложува големи пари.

Со тоа, двете земји членки од Шангајската организација, која има претензии да стане НАТО исток, и да создаде нов финансиски и банкарски поредок кој би бил поправеден и помалку грабежлив од оној кој е на чело на САД и развивањето на европската економија.

Алтернативата G20

Оттука не е чудно што Јинпинг на патот во Хамбург на самитот на G20 на два дена застана во Москва кај својот голем пријател и сојузник Владимир Путин.
По заедничката вечера беше многу јасно што лидерите на Русија и Кина имаат исти ставови за бројните глобални проблеми како Северна Кореја, Сирија или распоредувањето на американските ракети во Јужна Кореја.
И двајцата потпишаа трговски договори вредни десетина милијарди долари, а Путин во пресрет на доаѓањето на Јинпинг, изјави дека ова ќе биде историска средба за меѓусебните односи на двете земји во процесот на формирање на нивното сеопфатно стратешко партнерство.

Кога Кина и Русија ќе ги соберат и земјите кои се наоѓаат во Шангајската организација, како Индија, Пакистан и уште низа земји од регионот, тогаш Европската унија навистина ќе личи на еден полуостров или само плажа на оваа голема здружена континентална маса, којо што и опиша Хи Јинпинг.

Scroll to Top